Македонска Армија

Day 1,604, 11:07 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney

До кога....

Следејќи ги ударите на нашите сојузници Бугарите, Србите и Пољаците и нивната организирана армија, ми паѓа тешко кога ќе ја видам нашата неорганизираност. Да точно е дека со воведувањето на ударите се подигна нашата организираност но таму и застана. Зошто да не продолжиме со воведување до перфекција на тој систем.

Што предлагам јас:

-Формирање на Наша армија (составена од 4 единици за почеток) ќе се земат под државна капа 4 наши паравоени кои ќе прифатат да бидат под државна војска.

-Дневен буџет од 30к за таа армија (пример)

-Армијата ќе биде тотално изолирана од Власта без разлика кој ќе дојде на власт, Армијата ќе остане непроменета таа ќе си биде своја установа ќе си бираат меѓусебно свој лидер, но Каде и Кога ќе пукаат тоа го кажува МоД-от

-Како да функционира :
1 канал(врховна команда) каде што ќе им биде соопштувано за колку време ќе е ударот.
Тенковите ќе ги добиваат од својот претпоставен 10мин пред почеток на ударот секој според својот ФФ, мора да се разбереме овде добиваат тенкови само тој што е на чат и ќе пука според наредби , тој што неможе на чат неможе да земе тенкови.

Следењето на наредби, можно е да се случи да е потребно и 1 саат да се следи одредена битка ДИСЦИПЛИНАТА ќе биде една од најважните карактеристики на оваа војска, Ако во случај е викнат УДАРОТ, но ѕидот останал во наша корист до крајот и не е потребно пукање, ударот се презакажува или тенковите се враќаат.

Секоја единица ќе биде вметната во системот на УДАР, државната војска ќе си има своја посебна формула како ќе го добива рефундот од тие 30к секој ден, можно е да варира таа бројка во зависност од тоа колку е испукано.

Ако сакаме Успех мораме да имаме АРМИЈА.

Ако не умеете како да го направите тоа, дозволете им на тие што умеат и можат да го направат тоа.

Како и во спортот така и во се останато, поединецот може да поставува рекорди меѓутоа тимот е тој што освојува титули.