[Амбасадор] Унгарија

Day 1,288, 13:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Igor

Добра вечер / ден/ утро (зависно кој кога ќе прочита и зошто ќе прочита з’ш ако не прочита нема да знае што да чита и како да чита). Да не филозофирам многу 😛.


Вие моментално ја читате првата статија на Амбасадорот на Република Македонија во Унгарија. Честитки за мене, благодарам 😃



Од овдека време е да ја започнам статијата сериозно каква што и ми е задачата.


Кога беше првиот конкурс за избор на Амбасадори се пријавив за во Унгарија. Се пријавив во оваа земја без да го знам нивниот јазик, нивната култура и нивната воено – економска состојба. Меѓутоа аплицирав знаејќи дека се мирољубив народ и се уверив во ова. Иако се многу чутливи (на нивниот официјален канал нема шанси да се водат конверзации како кај нас) сепак одговараат долго и опширно на прашањата. Мојот пат како амбасадор започна на 3ти април. Во тоа време моментален МОФА беше Goolem и искрено беше добар на својата функција. Од него научив отприлика како се држи Унгарија на сите полиња: економско, политичко и воено. Тоа е се за поранешната состојба и за запознавањето. Ојме надолу



Моменталната влада на Унгарија нема потреба да ја пишувам бидејќи остануваат само 5 дена до изборот на новиот кабинет. На политичко поле Унгарците на големо се спремаат за изборите. Во трка за главното столче на еРепублик се: Doggett и
LT.ZOLE . Според моето мало истражување желба на унгарците е да победи ЛТ. ЗОЛЕ. Doggett порано бил секретар на сојузот Феникс и заменик претседател претходниот месец, а LT.ZOLE е актуелен МоД (Министер за Одбрана).

На воен план Унгарците ја прогласија за НЕ Австрија и веднаш со 8:0 го зазедоа регионот Burgenland а моментално го земаат и регионот Styria. За да им го отежнат патот Романците им кренаа востание во Banat. Војната само што започна таму.



На економски план Унгарија нема никакви проблеми. Нема никакви трошоци за војската, троши се само на војни.

Тоа е тоа од првиот рапорт од моја страна.



Ви благодарам за читањето и кој сака може шаут
http://tinyurl.com/3d9yogc
Aмбасадор во Унгарија

Ваш
Георгиоски Игор