Се шират идеите на МНФ !!! (тоа е добро)

Day 1,166, 15:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани соиграчи,
деновиве скоро никој не се занимаваше со политика.
Тоа е и добро и лошо. Добро е, бидејќи скоро сите бевме заангажирани со војната, а лошо е, бидејќи малку ни бегаат плановите надвор од контрола.

Но како и да е, продолжува дебатата за идеите за подобро организирање на државата, а тоа секако ни е неопходно...

Сите вие добро знаете дека пред петнаесетина дена се формираше нова партија, наречена Македонски Национален Фронт - МНФ. Партијата за краток период прерасна во втора по големина партија и партија која покажа дека може да освои значаен број на гласови.

Но, за нас беше најзначајно што МНФ е партија која излезе со прецизни програми што треба да се прави со еМакедонија. Тоа е нашиот кредибилитет и тоа е нашиот капитал.

Она што не радува, што и други играчи, доминантно припадници на другите партии, почнуваат да ги превземаат нашите идеи и да ги споделуваат преку своите весници...
Деновиве излегоа две такви статии...

Првата статија е оваа, на Струмјанин:
http://www.erepublik.com/en/article/-s-t-r-1-1658480/1/20
Статија во која предлага обединување на единиците во АРМ. Тоа беше предложено претходно од страна на МНФ, во оваа статија:
http://www.erepublik.com/en/article/-ii-1-1646803/1/20

Втората статија е оваа, на United Macedonia:
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1658363/1/20
Во оваа статија се предлага пишување на Устав на еМакедонија. И оваа идеја е на МНФ и тоа може да се види од овој линк:
http://www.erepublik.com/en/article/-i-1-1642816/1/20

Ние сме радосни што нашите идеи почнуваат да стануваат основа за развој на еМакедонија. се надеваме дека така ќе биде подобро за еМакедонија.
Само се надеваме бар да бидеме спомнати. Така ќе е фер.

Ние ќе продолжиме да работиме, без разлика дали сме на власт или во опозиција. Се надевам дека со овие примери и најзакоравените приврзаници на идејата за монопартиски систем ќе се уверат дека плурализмот ќе влијае за подобрување на еМакедонија.

Да живее МНФ!!!
Да живее еМакедонија!!