ЏОМБА КОНГРЕС - За кого ќе е подобро, за нив или за сите???

Day 1,072, 07:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани читатели, дојде време кога треба да пишуваме и кога треба да дебатираме за иднината на еМакедонија...

Сите, со нетрпение ги очекувавме првите избори за конгрес во еМакедонија.
Поминаа мирно.
Првично се разочаравме зошто Обединета еМакедонија немаше кандидати за сите места во Конгресот. Потоа, се разочаравме дека бугарската партија освои дури 4 места во македонскиот конгрес.

Но, што е она што веќе се случува со Конгресот на еМакедонија?

До сега видовме предложени 5 Закони. Тие сите веќе се во процедура.
1. Закон за промена на данокот за жито, со кој се предлага зголемување на данокот за увоз на жито од 0% на 99% и зголемување на данокот на добивка од 0% на 15%. Овој закон е по предлог на Makedonec MKD.
За овој закон не разбравме зошто е предложен. Никој не ни објаснува. А очигледно е дека нема да биде изгласан.

2. Закон за промена на данокот за камен, со кој се предлага зголемување на данокот за увоз на камен од 0% на 99% и зголемување на данокот на добивка од 0% на 15%. Овој закон е по предлог на Kikac.
Слично е и во овој случај. Никој не сака да зборува. Она што можеме да го разбереме е дека допрва ќе се договараат. А изгледа дека и овој закон нема да помине.

3. Закон за минимална плата со кој се предлага минималната плата да порасне од 1 на 2 MKD. Овој предлог е на CMAXHAT.
Ова е закон кој не добива подршка од мнозинствот. Но, ниту предлагачот сака да ни каже зошто го предложил, ниту мнозинството ни кажува зошто не го прифаќа. Она што ние можеме да претпоставиме е дека предлагачот помалку популистички предлага закон за кој знае дека мнозинството нема да го прифат. Но дека состојбата со платите е катастрофална и тоа е факт. Мора да се направи нешто.

4. Закон за донација на 500 МКД од државната каса на сметка на Македонскиот црвен крст. овој предлог е на Danielbtmk.
Транспарентноста е на нула. Никој ништо не зборува. Не кажуваат зошто гласаат против. Срамота. Мора да почнат да зборуваат.

5. Закон за намалување на средствата кои ги добиваат како почетна сума сите нови играчи во еМакедонија од 10 на 5 MKD. Овој закон е предложен од United Macedonia.
Ова е закон кој според моето видување, не смее да биде донесен. На овој начин им се одмага на сите нови играчи кои и онака првите пари ги трошат без да знаат за што. Збунети се. Наместо да продолжиме да работиме на привлекување на нови играчи, ние со носење на овој Закон си штитиме некои позиции кои не смеат да бидат во прв план. Треба државата да помогне на сите нови играчи директно и сериозно, а не тие да бидат принудени да молат за малку леб од добротворните акции на ЏОМБИТЕ во оваа огра.

Се надевам дека овој текст ќе предизвика внимание и дебата. Тоа му е целта.
Се надевам дека конгресмените ќе не убедат дека знаат што прават и каде ја водат државата.
Ние ќе продолжиме да ги анализираме сите нивни потези. Во иднина ќе ги прашуваме директно и ако одбегнуваат да одговорат тоа ќе го објавиме. Тоа е заради интерес на сите и заради интерес на транспарентноста.

За да можеме успешно да го правиме тоа, ве замолуваме да гласате за овој текст и да се претплатите на нашиот весник.