Весниците - Јавно место за манипулација

Day 1,073, 15:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Nikola Gorgiev

Или сме глупави или некои помеѓу нас глумат лудило. Ова е мојот заклучок после денешниов ден. Најверојатно и ќе бидам нападнат од многумина еМакедонци после овој артикл, но мојот закон секогаш важел, подобро влице отколку вгрб. Статијата се однесува на неколку денешни весници, кои денес излегоа со остри обвинувања за корупција до привремените надлежни лица во еМакедонија. И покрај многуте предупредувања, известувања, молби и укази до новите еграѓани на еМакедонија, сепак мораше да се појави некој кој е повеќе загрижен за личниот отколку државниот интерес, па така денес во јавен весник излезе обвинување дека министрите се поставиле себеси намерно со цел да остварат профит, дека конгресмените се кандидирале само за медал, дека не постои транспарентност, и она кое најмногу ме испровоцира е дека постарите играчи, привремени водачи, не воделе грижа за новите граѓани.
Не би сакал јавно да го истакнам името на оној весник кој го направи сето ова, но доволно е јасно која е неговата цел, да фрли сомнеж врз актуелните привремени лидери, и да се постави себеси над нив се со цел да оствари своја цел, а можеби и туѓа со која придонесува за дестабилизација на еМакедонија. Бидејќи сум стар играч, би сакал да запаметите една работа пред јавно да обвините некого за непотизам.
Старите играчи, оние кои имаат над 20 левел, и се тука повеќе од 1 година, целото свое време го поминаа обидувајќи се да ја створат оваа еМакедонија. Од присуства во конгреси, до војни, до кревање на востанија и помагање на други држави, се со цел да го добиеме она клучно ДА од администраторите за креирање на еМакедонија.
Како демонстрација, би ви пренел како изгледаше моето секојдневие во е-репаблик:
работи, тренирај, купи оружје, купи карта и премини во друга држава за да помогнеш на сојузниците. или
работи, тренирај, купи карта и премини за гласање во конгрес.
се случувало во 1 ден да променам неколку локации, само за да добиеме 1 место во конгресот се со цел да го задржиме пријателството на сојузниците.
На многумина постари им е и позната Македонската Фаланга која се бореше во Руските редови, или момците кои ја бранеа еТурција од грчки напади.
Ниту еден од овие денови поминати не беше залуден, денес Македонија има многу пријатели и држави кои се спремни да ни помогнат во тешките моменти, исто како кога ние бевме за нив тогаш.
На денот кога се појави статијата во Сителовиот дневник беше очекуван голем бејби бум, а товарот од тој бејби бум падна на плеќите на оние неколку играчи кои имаа искуство и требаше да се грижат за еМакедонија. Крајно несфатливи се обвинувањата врз овие играчи кога ќе се види придонесот кој тие го дадоа за еМакедонија, затоа што се што постои во еМакедонија е благодарение на тие играчи.
За крај би ве замолил да си го поставите прашањето: Колку време имаат поминато овие играчи пред компјутер за да стигнат доттука, и колку време ми требаше мене да фрлам обвинение против нив?
Размислете убаво пред да го дадете одговорот, затоа што ако не повеќе овие луѓе барем го заслужуваат респектот за својот труд, труд со кој допринесоа за креирање на оваа еМакедонија.