[Romb0] Туторијал за напредно војување

Day 1,396, 04:56 Published in Turkey North Macedonia by Romb0
Добро утро Македонци и Македонки најпрво да ви го честитам големиот успех на сите Македонци и пласирањето во полуфиналето на европското првенство во кошарка !!!


Сега да продолжам со мислата. Значи во последно време сум многу незадоволен од начинот на кој сите ние војуваме(со ретки исклучоци), делуваме како да сме една од наjнеорганизираните еДржави иако во тоа не е правилната слика за нас. Имаме организација, имаме одличи лидери (сегашни или бивши) и со мал напор на нас војниците и цивилите може да постигнеме далеку поголеми резултати.



За да стигнеме до многу поголеми резултати според мене ова се точките и полињата на кои треба да се подобриме:

Чување и планирање на здравјето

Секојдневно информирање

Активност на чат каналите(кој колку може)




Одиме по ред:

Чување и планирање на здравјето

Премногу голема грешка правиме сите (се уклучуваме и пукаме)!!! Грешката е во тоа што некогаш пукаме во сосема непотребни битки и на зид кој е над 55%. Значи за времето додека сте онлине чекајте не го тросете здреавјето на сосема неотребни битки затоа што во секој момент може да почне БИТКАТА НА ДЕНОТ. Доколку се гасите и го знаете времето кога повторно би биле онлине непукајте до крај во непотребните битки туку темпирајте го здравјето да ви дојде на максимум кога ке се вратите (можеби баш тогаш ке биде битката во која ке биде потребно најмногу вашето влијание). Доколку сте подолго време онлине а веке стигнувате до максимумот здравје истрошете само 100 колку да не губите удари, со тоа во секој момент ќе бидете спремни да го дадете максимумот доколку има потреба.



Секојдневно информирање

Исто така голема грешка што ја правиме е што го занемаруваме весникот на министерството за Одбрана. Не секогаш знаеме кои се плановите и наредбите за тој ден, можеби мислиме дека знаеме но реалноста е дека не секогаш можеме да ги видиме битките кои може да се најбитни за тој ден(востание).
Затоа најдобро е првото логирање (утринско кафе на ереп) да го отварате весникот на Министерството за образование и да ги читате (уште поважно ПОЧИТУВАТЕ) наредбите за тој ден. Безразлика колку и да ви изгледаат нелогично понекогаш, знаете дека секогаш има некој план !!! Тука би препорачал да си го ставите весникот во Bookmarks.

линк од весникот - http://www.erepublik.com/en/newspaper/armiski-zbor-243137/1



Доаѓање на Чат каналите

Уште една многу битна работа за зголемување на нашата воена моќ. Тука пред се би ги напоменал официјалниот канал и воениот канал. Со доаѓање на овие канали можете да добиете многу. Пред се тука се дружиме(според мене најбитниот аспект од целава игра), слушаме планови и наредби и неретко се огласува нашата или некоја друга влада со поделба на тенкови на цивилите и војниците(значи може и да се омрсите со некој тенк и лебче). Исто можете да дознаете и некои сигурни типови за востанија и се поретко но каде да фатите болници. Официјалниот канал на еМакедонија е пред се за дружба, додека на армискиот се следат строго наредби и таму пиле не смее да прелета. линкови од каналите:

еМКД- http://02.chat.mibbit.com/?channel=%23eMKD&server=irc.rizon.net

Воен канал http://02.chat.mibbit.com/?channel=%23eMKD-army&server=irc.rizon.net



Уф се изнапишав xD. Се надевам дека ститајава ќе му помогне на голем број луѓе и со тоа ке придонесиме за посилна и поголема МАКЕДОНИЈА!!!

По здрав и се гледаме во финале на евробаскето !!!


Да живее Македонија !!!!