Владин Кабинет (Владина Тркалезна маса)

Day 1,321, 17:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Здраво-живо браќа и сестри, братучеди и братучедки, банирани и клонови....

Во овие ситни часови, (да видите дека посветено се работи до доцна навечер кога станува збор за Македонија 😛) ви го објавувам составот на предлог Владиниот кабинет со кој ќе се затвори кругот на Владината тркалезната маса ака глаучи. 🙂
Тркалезната Маса ќе биде во постојано заседание и ќе се тркала, и тркала и тркала..... се за доброто на Македонија! 🙂



Тим од советници:
Ќе ги ценам искуствата и советите на сите минати Претседатели надополнети со тим од советници кој ќе биде составен од сите поискусни играчи на играва а кои не се директно вклучени во Владиниот Кабинет но се согласија да ми се стават на располагање за консултации.
Предлози, идеи и мислења се исто така добредојдени и од сите останати кои сакаат можат и знаат да помогнат.

Министерство за Одбрана:
Министер - Romb0 (trte) , заменици Kanopy ; maked0ner; trajce dimoski ; Darkodimovski1; mac3donia ; acezuti ; sreers. Понудата е отворена за СИТЕ воени единици во Македонија да ме контактират и да се вклучат во Генералштабот. Би било добро да имаме барем по еден претставник од поголемите воени единици во МКД.
-ivan.sk претставник од Macedonian Alpha Team
-Kanopy претставник од МТО
-fuzzy0wuzzy претставник на ДБК
-чекам и други претставници од другите војски....

Министерство за Надворешни работи:
Министри - ќе ми биде чест доколку Carlixxx и Hoban ја прифатат понудата бидејќи ги сметам за коректни и спремни за подвизвиции луѓе кои можат да придонесат во овој ресор; помошници ФениксМК, Иван Ванчо, Драш, Македонец3

Министерство за Финансии:
Министри (на обука) MakEmpire и Seleuk Nikator, советници и заменици Psihopatikus, cudniot, Кракерче и Лазароса

Министерство за Информирање:
Министер - MeDsLeinad. Неговите извештаи како амбасадор во Бугарија верувам сите сте ги забележале. Оставам на него да состави тим со кои очекувам да ја продолжи добрата работа овој пат за состојбите во Македонија а мој предлог за нов човек за калемење Events.

Министерство за Здравство (Црвен Крст):
Министри - Киријана , помошници WildSideMKD, Vojne и matrixboy1995.

Министерство за Образование:
Министри - ColdWater, MAJMUN102 и MKDHero + тим од помошници кои тие ќе ги предложат - KokiTheGreat, Мацедона и Бобан Пановски. А мој предлог во дополнение на овој тим е atanasmk16.

Сите останати без разлика на партиските бои, или воените перјаници, кои имаат знаење, разбирање, желба и време да помогнат во некои од областите погоре се добредојдени да ме исконтактираат да го испушиме лулето на мирот и слогата 😃 и да се вклучат во работата на тимовите со свои конструктивни идеи, мислења и предлози.
Секоја помош во насока на напредок на Македонија е добредојдена.

Додека сите ќе одмараат во претстојниот летен месец овие “грешници“ погоре ќе црнчат заедно со мене 🙂


P.S. Да ве потсетам да не ја заборавите журката во сабота... таму сите "two-face jack" дечки ќе ги видите во Монохромна варијанта 😃


Поздрав!