ВЕ МОЛАМ СИТЕ ИГРАЧИ ЗА ОГРОМНО ВНИМАНИЕ!!!

Day 1,321, 18:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Kris.S




ВЕ МОЛАМ СИТЕ ИГРАЧИ ЗА ОГРОМНО ВНИМАНИЕ!!! 🙂

Идната сабота (09.07.2011) со почеток во 21:00 часот во Скопје ќе се одржи првата еМакедонска забава во организација на МТО!!!

Каде? - Кафе бар "STUDIO 54" во центарот на Скопје, на улица Македонија, наспроти споменикот Шмизла 🙂



Се планира голема журка, со многу пиење и одлична музика од страна на нашиот еден и единствен DJ Max (DJ со продуцентска и музичка кариера 😁 !

ВАЖНО!!!

Поради мнозинството на машки членови во оваа игра, АПЕЛИРАМ до моите драги дами-соиграчи да не се воздржуваат, ПРИСУСТВУВАЈТЕ и со себе понесете што повеќе ПРИЈАТЕЛКИ... верувајте, момциве ке ви бидат вечно благодарни 🙂
А вие драги мои од посилниот пол, слободно понесете ги вашите партнерки, пријателки, придружнички, сестри, познанички од играва и слично.
Вечерта е ladies night, девојките ќе добиваат гратис коктели кои воедно специјално вечерта ќе бидат по цена од 150ден за сите присутни.


Ајде дечки, целата дружба на играта и четот да ја пренесеме и во Реалниот живот. Ајде оваа вечер да се собереме сите, без разлика од каде доаѓаме, и да поминеме една незаборавна вечер...

Доста беше играње виртуелен “еБал - бал под маски (аватари)“
Нека биде оваа вечер, вечер на дружење, нови пријателства и нова љубов... вечер во која... се ќе биде можно 🙂





И ОФИЦИЈАЛНО, Ве поканувам СИТЕ членови на оваа игра, еГраѓани на еМакедонија, претседатели, цивили, членови на паравоени/воени единици, министри и министерки, стари и млади.... ајде еднаш да се собереме буквално СИТЕ, и да докажеме дека оваа игра може да значи и вистинска забава и пријателство... Не постои никакво ограничување, СИТЕ СТЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ!!!



МТО како организатор, ќе се потруди вечерта да ја збогати и со мало (или големо) изненадување... дојдете и видете 🙂


Се надевам дека ќе ми ја укажете честа и можноста да ве запознаам сите...
До следното гледање...

Со почит,
Kris.S



P.S. Ве молам сите за SHOUT за цела еМакедонија да дознае!!! 🙂

ВЕ МОЛАМ СИТЕ ИГРАЧИ ЗА ОГРОМНО ВНИМАНИЕ!!!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1813564/1/20