Писмо до Македонија од иселен охриѓанец во Америка

Day 3,739, 05:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Psycho The Great
http://news24.mk/pismo-makedonija-od-iselen-ohriganets-vo-amerika/

„Згрозен од немилите настани и случувања во нашата мила Македонија го пишам овој пост. Голем процент од младите влучивајќи ме и мене си заминаа од државата поради тоа што се случува во нашата држава и што допорва не очекува во иднина.

И не само тоа, туку уште повеќе ќе си заминуваат со надеж дека ќе ја најдат својата иднина некаде далеку од својата земја, од своите најблиски. Живееме во место каде одредена група на луѓе се богатат ( испокрадоа се шо можеше да се испокраде па сеа и тоа што го имаме сакаат да ни го продадат) и група на луѓе кои цел живот се трудат да заработат чесно со мака и пот за да имаат да преживеат од ден на ден.

Живот полн со ветувања, лаги, измами дека ќе има живот во Македонија, наместо живот јас гледам се поголем број на луѓе кои прежувуваат со последните сили и бараат начин да се спасат и се поголем број на иселени млади кои гледаат да се спасат од таа беда што ни се случува.

За жал и тие што останаа се трудат да избегаат, за барем малку од малку го проживеат животот во мир и спокојство без притисоци, далеку од секојдневните проблеми со работодавците, неплатени плати по месеци и години, неплатен стаж исто така неколку години, неплатени сметки, долгови до гуша и што уште не. И секој ден слушам, гледам, читам и неможам да си поверува дека тоа ни се случува.

Дека самите си бодиме нож во грб. Дека си ја продаваме државата. Дали е можно самите си се продаваме, ќе си го продадаме тоа парче земја што го имаме. Дојде време одредена група на необразовани и нессоодветни луѓе да решаваат за иднината, името, грбот, историјата, да решаваат за иднината на сите Македонци.

Се надевам дека нема да успеете во тоа што сте го намислиле и во тоа што го правите. Незнам ни кој ви дал за право да преговарате и да договарате во името на граѓаните на Република Македонија.

Имаме едно име а тоа е Република Македонија. Ако ние не застанеме во одбрана на тоа име, на таа држава на нашата историја кој ќе го направи тоа. Казната ќе стигне за сите тие што го заслужуваат тоа како што ние ја плаќаме казната далеку од нашите домови.

И за крај како би сакале да не вратите назад, направивте нешто добро за да не вратите назад за да не вратите сите што избегавме од нашата држава ради вас. Па уште име ќе менувате. Со тоа сакате да не измамете да се вратиме тоа е првиот чекор. Што ќе успеете да влеземе во ЕУ со изменато име, без историја без грб без лице. НЕ БЛАГОДАРАМ.

Сменавте името на аеродромот и автопатот во некое си пријателство кое го немало, а ниту ќе го има со нашиот јужен сосед. Тоа е невозможно и неприфатливо. Зарем не е јасно дека што и да направиме ќе биде залудно.

Како може да бидеш пријател со некој кој ти забодува нож во грб на секој можен начин. Тоа е апсурд. Тоа е неприфатливо. Со тоа не успевате да не вратите назад само се повеќе не оддалечувате и им влевате поголема надеж на тие што останале да си заминат.

Направете да бидеме повторно среќни и да имаме егзистенција да живееме во мир и спокојство,а не во притисоци. Ви го пишувам ова драги Македонци со тешко срце зошто боли кога знаеш дека некој ти ја продава душата, а ти си му дал власт и доверба.

Бидетеми поздравени и секое добро.“ гласи статусот на Марио Божиновски.