Се дигна! Сега гордо се вее!

Day 1,916, 06:17 Published in North Macedonia North Macedonia by TheTrooper69



Како што најавив во предходната статија за која заработив фп и имав казна од 3 дена, Ќе се еве! Ќе се дига!, која што после 300 и кусур РЕАЛНИ гласови и преку 120-130 коментари беше декларирана како спам...еве ме со новости.

Сакам да најавам дека можно е да организираме и една ЕРЕПУБЛИК СОБИРАНКА само малце да се затопли. За тоа потака, сега да видиме како се одвиваа настаните предходно.

Денес се дигна и се развеа. Целосната изработка беше од самите жители. Од основата за јарболот, финансиите па се до изработката на самиот јарбол. Навидум, каде што се спојуваа цевките, изгледаше голем, но не онолку колку што денес не болеа вратовите на сите. Кога се дигна на самото место, сите останавме без зборови, дури и тие кои дено-ноќно работеа на изработката на самиот јарбол, кои го знаеа секој сантим од чудовиштето.

Како што напоменав, се работеше дено-ноќно.


Чудовиштето од 20 метра и тешко повеќе од тониполовина едвај дури го потпиравме.


Некои коштаплери на работна акција

(Ја и мојата послаба половина)


Големото знаме со димензии 6м х 3м


Поставувањето на таблата "Добредојдовте во Мислешево" на која има и големо македонско знаме, а исто така и мини мапа со позначајните знаменитости во селото.



На лице место, испраен и голем.








Панорамски поглед

Поздрав од Мислешево, Струга.

п.с. Нешто што многу ме "запали" е тоа што прочитав неколку коментари на една фан група на фејсбук дека не било ова за браво и дека истакнување на македонски јарбол во нашата држава било нормална работа. Се надевам вие знаете барем каква ни е ситуацијава во државава и кои какви права имаат. Ако некој има прашање од таков вид, слободно нека пише ќе му образложам накнадно.

~Трупер