Патриоти?

Day 1,465, 06:55 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Многу галама се дига во задно време околу предавници и патриоти на игра (зборот игра е многу битен во оваа реченица) така да видиме прво што означува овој абор за малку да ги освестиме квази патриотите да почнат да прават разлика помеѓу игра и РЛ.

Преземено од WIki

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%B3%D1%80%D0%B0

Игрите се рекреативни активности што вклучуваат еден или повеќе играчи. Една игра може да се дефинира според:

А. целта што играчите се обидуваат да ја постигнат
Б. одреден сет на правила што одлучуваат што играчите можат а што не можат да прават.


Игрите постојат главно за забава и уживање, но исто така тие можат да имаат и образовна или симулативна улога.
Игрите можат да вклучуваат еден играч што дејствува сам или два или повеќе играчи што дејствуваат соработнички. Повеќето вклучуваат натпревар меѓу два или повеќе играчи. Преземајќи дејство што спаѓа надвор од правилата општо земено претставува фаул или мамење.


Оваа е за квази патриотите да разберат што значи игра....


Значи секој си наоѓа некое задоволство во игра и си прави да му биде интересно затоа и постојат игрите, на некого некои работи нема да му се допаѓаат затоа и постои критика а и сопствено мислење со кое некои се сложуваат а некои не. На кого како му одговара и колку реално може да ги перципира работите кои се случуваат во играта намерно или ненамерно.

Да се навратиме на патриотите....

Патриот на државни пари е платен патриот, нека симне претседателот рефунд неколку денови да видиме колку од патриотите ке останат во еМакедонија и ќе ја бранат. Значи се лупаат у гради дека се патриоти но во случај да се скине рефунд одма настанува следново:



Да продолжам натаму со фалангата и нашите платени патриоти, ако некој имал прилика да отиде на канал сигурно има видено дека 80% ако не и повеќе таму се играчи кои имаат тенкари значи седат на канал и чекаат од држава тенкови за да маваат.
Тоа е и причината зошто никогаш не сум отишол на тој канал за мене е срамно да одам на канал и да чекам државни тенкови кога на мој акаунт имам 7 тенкари од кои (сам) можам да правам по 80 и повеќе тенкови дневно.

Дајте бре на оние што немаат тенкари.....

Е сега ако случајно не се делат државни тенкови се случува оваа:



Тоа се у кратки црти нашите патриоти кои цел ден се удираат у гради по шаути и омаловажуваат други играчи. Платени патриоти на игра која всушност треба да биде забава за сите...

Има уште примери но за тоа у некоја друга статија....


Поздрав Македонијо


ПС. Квази ака платени патриоти се замолуваат да не искажуваат свои квази патриотски чувства на оваа статија......