ДОСТА БЕШЕ!!!! БОЈКОТ!!!!

Day 1,465, 11:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski

ДОСТА БЕШЕ!!!!

Доста ми беше од Армакедони, Панцери, ОЕМ-ци и останати политички партии паравоени/воени единици и организации од тим на луѓе кои секојдневно се препукуваат, пцујат и караат преку нашите весници, чат канали, преку шаути итн итн.
Доста ни беше од вашите меѓусебни воајерства и следења, вашите постови кој како направил и што направил од противничката партија, воена/паравоена организација!!!
Алооо луѓе, разбудете се...Кај сте ?! Кај забегавте ?! Игра играме или што правиме ?!
Многу од вас се пукаат во гради дека биле првите патриоти во играва, дека се бореле за додавање на еМакедонија, за еМакедонија да стане светска сила итн итн.
За што се боревте ?! За што се боревме ?!
За плус голд/мкд на вашите сметки ?? За плус внимание ?? Да ве пофалат луѓе дека сте направиле нешто ?!
Сите вие сте штетници, паразити за една наша еМакедонија.
Доста веќе од тие купувања на гласови за избори, доста беше кој колку украл после избори, доста више од вашите комплекси и фрустрации по чат каналите (од страна на некои од админите кои од прв до ден денес лечат комплекси).
Зарем заборавивте од каде дојдовте ?! Зарем заборавивте кој ве донесе на тие места, како вие се набилдавте и кои сте и што сте ?!
Мене, и останатиот обичен македонски народ лично не не интересира каде и како отишол голдот од пред 5 месеци, кој имал "Mercenary" медал или кој немал.
Едноставно, реков во коментар по некоја од статиите веќе ќе речам и тука : Договорете се, најдете се, напијте се, истепајте се, испопцујте се, сакајте се мразете се, но сето тоа спакувајте го во пакет и носете го подалеку од нас останатите!! Доста ни е од вашите шпански серии "Љубов и Омраза".



Доколку продолжите така да се однесувате, јас лично го повикувам целиот македонски народ кој ја игра играва да се разбуди и да се крене на БОЈКОТ!!
Да ги бојкотираме овие игри/плачки, да ги бојкотираме со тоа што : нема да гласаме на политички избори, ќе ги избришеме од френд листите (со тоа ќе се прекине нивната гласност со шаутите), да ги избегнуваме чат каналите каде што сите овие штетници се чуствуваат божевствено и злоупотребуваат моќ дадена од народот-против народот, и за крај ќе ги бојкотираме нивните весници (не се претплатувајте на нивните весници и доколку сте претплатени откажете го тоа), едноставно ИГНОРИГАЈТЕ ГИ!!

Јас лично барам прекин на сите тие препукувања и плукања, барам сите политички партии, воени/паравоени единици кои се чуствуваат виновни/невини јавно да се извинат на останатиот народ за тортурата и намерно/ненамерното трошење на нашето драгоцено време кое и го посветивме на играва.

За наша и подобра еМакедонија, да се заштитиме од паразитите!!
Да ги заборавиме меѓусебните караници и да се сконцентрираме во она што сме најдобри, палење на грците и понатамошно освојување...Да го правиме она за кое сме тука!!!

п.с. : Однапред се извинувам на моите пријатели/пријателки кои се членови на некои од виновните организации и се надевам дека ќе ме сватат мене, мојата статија и желбата на останатиот обичен народ кој ја игра играва.

п.п.с : Нема да одговарам на ниеден од ниско интелегентните коментари кои ќе доведат до понатамошно препукување и кои ќе се обидуваат да ме вплеткаат во нивните игри.Ќе ги игнорирам сите небитни и недолични коментари.


[Edit] Излезена е новата статија со бета план верзијата за подобра еМакедонија на следниот линк :
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1912468/1/20



Пријатна вечер.