Zagatki i Gatanki(plus nagrada)-del prvi

Day 1,201, 09:09 Published in North Macedonia North Macedonia by ARI UNIMATRIX 001
Добра вечер еЧитатели

Бидејќи ме блокира админ пред некој ден и ги избриша за жал сите мои гатанки,неможев да одредам кој што пишал.Затоа се надевам дека овој пат нема да биде избришана статијата а вие ќе си ја добиете наградата.
Се надевам дека ја зграпчив вашата љубопитност но и внимание во оваа моја мала игра.
Ќе продолжиме како и претходниот пат и се надевам дека сето ова ќе ви претставува еден мал спас од досадата.Како што велат,единствениот лек за досадата е љубопитноста и забавата,не?🙂 Правилата се едноставни:секој којшто прв ќе реши една гатанка/загатка,му давам 5мкд!! Среќно!



Истотака,ВЕ МОЛАМ заедно со вашиот одговор да ги запишете и броевите на вашиот ГЛАС и ПРЕТПЛАТА! Инаку нема да се важи!



1.Имате три кутии полни со овошје.Една кутија содржи само јаболка,другата само портокали а третата пак и јаболка и портокали.Секоја кутија е означена со--едната со "јаболка",другата со "портокали" а третата "јаболка и портокали".Но,познато е дека ниту една од кутиите не се етикетирани т.е. означени како што треба.Како можеш да ги означиш кутиите правилно ако ти е дозволено само еднаш да извлечеш и погледнеш само едно парче овошје и тоа само едно од споменатите кутии?

2.На еден семеен собир биле следниве луѓе:еден дедо,една баба,двајца татковци,две мајки,четири деца,три внуци,еден брат,две сестри,два сина,две ќерки,еден свекор,една свекрва и една снаа.Но не беа присутни толку луѓе како што сето ова изгледа.Колку всушност луѓе биле таму и кои?

3.Пред два дена Кристина имаше 8год.Следната година,таа ќе полни 11год.Како е ова можно?



4.Александар му го постави следниот предизвик на Никола:
"Ако седнеш на столчето,се обложувам дека нема да успееш и одма ќе станеш точно пред да направам три круга околу столчето."рече Александар.
"Ех,тоа не е праведно"рече Никола."Сто посто ќе ме боцнеш,удриш или така нешто."
"Нема шанси!"рече Александар."Нема да те допрам,ниту директно ниту пак со билокој предмет.Ако станеш од столчето,тоа ќе биде по твој избор."
Никола размисли малце и го прифати неговиот предизвик.И буквално да не поверува човек,Александар го доби облогот.Но како?


5.Како целина,јас сум и безбеднa и заштитенa,
Обезглави ме и станувам место за состанок.
Обезглави ме уште еднаш,и јас спремен партнер.
Возврати ме,и јас се претворам во имот на ѕверовите.
Што сум јас?


6.Тројца луѓе одат на риболов--двајца татковци и два сина.Како е ова можно?



7.Кога сум исполнета,
Го посочувам патот;
Кога сум празна,
Ништо не ме движи.
Имам две кожи,
Една однадвор и една одвнатре.
Што сум јас?


8.За да ме откриеш мене
Потребен ти е клуч
Но не клуч кој е направен од раката на некојси бравар,
Туку клуч кој само јас ќе го разберам.
Што сум јас?


9.Можете да ме имате,но никогаш неможете да ме држите;
Може да ме ќарите но и брзо да ме изгубите.
Ако грижливо се однесувате со мене тогаш ќе бидам велика,
Но ако ме предадете јас ќе се скршам.
Што сум јас?


Сликите се од Alex Fishgoyt,Американец со Руско потекло.
Можете да одите на неговиот вебсајт и да ги видете преостанатите слики.
Слободно кликнете на сликава:




П.С. Кој сака нека ме додаде за пријател,со задоволство ќе ве прифатам!



ВИ ПОСАКУВАМ ПРИЈАТНА ВЕЧЕР!