You go, but car no!

Day 1,455, 10:22 Published in North Macedonia Serbia by Lovec MKD


Возач на Југо оди во продавница за резервни делови и вели:
би сакал ретровизор за моето Југо. Продавачот се мисли малку па му вели: Звучи како фер замена.



Зошто Југо има грејачи на задното стакло?
- За да не ви се смрзнат рацете преку зима додека го туркате!

Што има на последната страна од упатство за југо?
- Распоред на градски автобуси.

Како се викаат кочниците на Југо?
- Додатна опрема(АЗЗ ако застане застане)

Како да препознаете спортско југо?
- На куката за приколка има тениско топче.



Која е разликата помеѓу сопственик на спортско и обично југо?
- Сопственикот на спортско југо носи патики

Југото е дизајнирано за петмина,
еден да седне на возачкото место другите четворица да туркаат.

Која е најголемата желба на сопственик на Југо?
- Да си купи кола

Што се распаѓа побрзо од Југо?
- Земјата во која е правено



Како во фабриката Застава проверуваат дали вратите добро се затвораат?
- Ставаат мачка внатре, и ако сабајле не е излезена тогаш се е ок.

Зошто газдите на Југо кога ќе умрат одат право во рајот?
- Затоа што целиот живот биле во пеколот

ОФ МОЈА ТУГО ШТО НЕМАМ ПАРЕ ЗА ДРУГО ПА МОРАМ ДА ВОЗАМ ЈУГО!!!!!!!!


И за крај уште едно прашање ШТО Е НАЈИЗДРЖЛИВО ВО ЈУГОТО ?