We have the Victors from the EPIC battle !!

Day 1,365, 00:40 Published in North Macedonia Serbia by Archibold
Добар ден еРепубликанци



На денешен ден 16.08.2011 вториник ќе има епска битка, која ќе завзема место на бојните полиња и замоци од играта Heroes III of Might and Magic.

Оваа војна е предизвикана од страна на неколку играчи, кои сакат да си ги измерат силите надвор од еРепублик...ракавиците се извадени, со маус во раката сите седнати пред еден компјутер ќе се водат крвави битки, и епска војна до самиот крај. А победниците ќе си заминат со богатствата од нивните замоци.

-Е сега со чест ми е да ви ги претставам Сојузниците и Хероите:

Drashh_III_Makedonski и Sophia.d VS Archibold и AnastasiaMKD



Богатството од замокот е односно 10 златника за победниците, затоа одберете го вашиот фаворит навивајте во коментарите, па по завршувањето на војната можна е скромна поделба на навивачите со оружје и храна!

Ви благодарам на досегашните претплати, и ќе ве замолам за вашиот глас.

Поздрав и останете ми со здравје!

Archibold


Дополнување

После 3, месеци 2 недели и 2 дена војување (во ин гејм време)односно 4 часа, конечно издвоивме победа против АрАмиите. 😛
Да после толку време јадење на пуканки и секакви грицки, доливање од сокови и пиење кафиња за чудо и сончогледот ни заврши па фативме ноктите да си ги грицкаме од нетрпеливост.
Возбудата се повеќе растеше во последните неколку минути кога се војуваа одлучувачките битки... не се знаеше до самиот крај кој ќе победи. Нашите противници сепак после толку интензивен тренинг ја направија најголемата грешка, ги потценија противниците и тоа им се врати како казна која ги коштеше цела игра.
Но сепак како "АрАмиии" имаше Фер плеј со што на крајта ни ја честитаа победата си подадовме рака, само што Софија поради Х причина не сакаше да подаде рака на Анастасија (поради големата доминација на Анастасија) 😉

Но како и да е, во наредните 2 дена на мене и АнастасијаМКД треба да ни светне долу во нотификациите и да ни напише дека наградата сме ја добиле, па кога ќе се случи тоа, скромната поделба на Оружје/Храна ќе започне на навивачите. И на сите ви благодарам за подршката што ја покажавте.

Еве го крајниот момент од епската војна...



Би сакал да можев повеќе Скриин шатови да ставев од битките, но поради големата возбуада и фрустрација по губењето на битките заборавивме да стискаме принт скриин.