WARNING!!!

Day 1,208, 10:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Alen_001



Арогантни,мрсни,злобни
за нетпријателот тие се кобни,
огромна е нивната моќ
во темната,влажна ноќ ...

Стварно многу ги има
надоаѓаат ко утринска плима
крв проливаат и ноќе и дење
Ве малтретираат на спиење ...

Затоа што тие се Демоните злобни
за нетпријателот кои се кобни..

Сте слушнале за нив од некоја приказна,бајка
или од плачот на нажалостената мајка,
сте слушнале за нив приказни разни
но, тоа не се муабети празни ...

Демоните сега се тука
срцето спокојно нека ви чука,
спиј мирно Татковино моја
Демоните- се потпора твоја ...



WTF?Нова паравоена ?
Дефинитивно ваква е вашата реакција 
Свесни сме дека моментално еМакедонија е преполна со паравоени,некои од нив одлично организирани и вистински бедем за нашата земја,други пак промашена инвестиција...Меѓутоа водејќи се по нашата филозофија секоја паравоена на свој начин влијае врз задржувањето на играчите во играва, зголемување на нивната активност и приврзаност кон истата, а со тоа и добивање на чуство на припадност и вредност на самата индивудуа!

После двонеделното тајно фукционирање далеку од очите на јавноста, ја имам таа чест да го официјализирам формирањето на новата паравоена за која допрва ќе се чуе во светот “DEMONS” (Демони) !!!

Не плашете се ние не сме никаква забегата сатанистичка секта или луди богохули...Ова е само една нова паравоена единица на македонската воена сцена кадешто царува добрата атмосфера,единството,пожртвуваноста и дисциплината ...


DemonS е паравоена која стреми високо,каде членството го чинат луѓе со голем ентузијазам и желба за воздигнување на единицата како една од подобрите во нашата земја и пошироко!

Моментално Демоните бројат 21 членови со 1222 просечна сила!

Заради остварување на зацртаната цел од 20 членови,Демоните за прв пат во својата историја распишуваат јавна регрутација каде основни критериуми за влез се :

-Минимум 1000 сила
-Активност
-Сериозност и Тимски дух
-Дисциплина и почитување на наредбите

Сите заинтересирани потенцијални членови нека го потполнат следниов формулар и ќе бидат дополнително контактирани околу следните чекори :


https://spreadsheets.google.com/viewform?formkey=dG1IclRLV1NMUWxGQk1WdTFJUm1CNEE6MQ

За подетални информации дојдете на нашиот чет-канал :

www.mibbit.com

Rizon Server - #demons.public

Мото : Bene vixit qui sene latuit (Кој живеел добро,живеел незабележително)