vicovi

Day 1,629, 13:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Pakistika

Ajde narode ke vi kazuvam vicovi a vie da glasate so sub,vote i Shout

vrakam odma

1.Се фалеле Французин, Англичанец и Цпногорец со своите жени.Англичанецот вели:
- Мојата жена има толку долги нозе, што кога ќе јавне коњ нозете и се влечат по земја. Не дека коњот е мал, туку нозете и се долги.
А Французинот:
- Мојата жена има толку тесна половина што можам да ја опфатам со два прста. Не дека мене пацете ми се големи, туку половината и е тесна.
Црногорецот:
-А мојата жена… Кога тргнувам на работа ќе ја плеснам по задникот, задникот и се тресе додека не се вратам од работа, не дека тој и е толку голем,туку толку ми трае работното време!


2.Цезар ја наредил војската во редици и ги прегледувал кој е како е. Како што одел по ред гледа еден војник со огромен нос. Ја извадил сабјата му го пресекол носот и го прашал дали го боли.
- Не ,рекол отсечно војникот.
- Зошто?
- Дека сум храбар војник!
- Така треба рекол Цезар и продолжил. Понатаму гледа еден со уво како падобран. Ја извади сабјата и му го пресекол.
- Те боли?
- Не!
- Зошто?
- Дека сум храбар војник.
- Така треба пак рекол гордо Цезар. Оди така пак Цезар и понатаму гледа еден со огромен кур, ја вади сабјата и му го пресекол.
- Те боли?
- Не!
- Зошто?
- Оти е на овај зад мене!


3.Еден педер оддамна се немал плескано па го фатило криза. Истрчал до фрижидерот и што да види нема ни краставица ни моркови. Отишол до локалната месара и побарал колбас, многу голем колбас. Месарот го зел најголемиот и почнал да го сецка и наеднаш педерот му вика:
- Aбe душо на што ти личам јас, на џубокс?


4.Ѕвони телефонот во полицијата се јавува цајканот и слуша:
- На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И ќе исклучи. После некое време пак ѕвони и пак исто:
- На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И пак ќе исклучи. И така 7-8 пати и на цајканот му се здосадило и го чека пак да се јави. И еве го вика пак:
- На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И цајканот му вика:
- Море човек што ако стигнале дрва таму?
- Како што ако? Ти знаеш ли кој живее во таа куќа?
- Е кој живее?
- Море човек, таму живее Перо.
- Е што ако живее Перо?
- Тој е најголем дилер на дрога, и дрогата ја пренесува во дрвата.
И му исклучува и типот ѕвони кај Перо:
- Перо сеа ќе дојдат десетина цајкани да ти ги исечат дрвата. Тоа ќе бидат истите што лани ти го ископаа лозјето кога бараа хашиш!


5.Некој полицаец го прашува Цветко:
- Кога ти е роденден?
Цветко: На 23 мај.
Полицаецот: Која година?
Цветко: Секоја година.


6.Во лудница, некој лудак си седнал на страна и си пишува нешто. Доаѓа докторот и го прашува:
- Што пишуваш?
- Љубовно писмо.
- На кого?
- На сам себе.
- И што пишува во него?
- Немам поима, сеуште не сум го добил

7.Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до еден мирен кој си седи под едно дрво. Прашува главниот од комисијата: добро, што се замислува оној под дрвото?
Управителот на болницата рекол, оди, прашај го. Оди овој, го прашува:
- Добро, што се замислуваш ти?
Лудакот му одговорил:
- Е па, знаеш јас сум луле!
- Како бе луле?
- Е па, стави ми тутун на главата и повлечи доле.


8.Си биле Македонец и Aлбанец се натпреварувале кој повеќе го знаел англискиот јазик.
Прв бил Албанецот и рекол:
- Where are you from? Ај преведи.
Македонeцот:
- Од каде си?
Албанецот:
- Ајде сега ти македонче.
Македонецот:
- Преведи ми I dont know.
Албанецот:
- Јас незнам…
Македонецот:
- Eпа што се курчиш со мене, гледаш немаш везе од англискиот.


9.Еден орел, седи на врв на една огромна карпа и пуши трава. Седи така и си вели сам на себе „кој цар сум јас еј…“
Повлекува уште еден дим и пак си повторува, „кој цар сум јас…“ Се пушта од карпата надолу и на еден метар пред земјата ги раширува крилата и полетува назад кон врвот на карпата. Застанува и пак си повторува, „кој цар сум јас…“
Доаѓа друг орел до него и го прашува:
- Бачко шо има?
- Еве, дувам малце, сакаш?
И така седнале еден покрај друг и само си повторувале „Кои цареви сме ние еј…“ По некое време се пуштаат кон земјата и на еден метар пред да удрат ги рашируваат крилјата и се качуваат горе.
Доаѓа мечката до нив и ги прашува:
- Момци, што праите?
- Еве малку пушиме, сакаш?
Така мечката седнува до нив и сите заедно се пуштаат кон земјата и на паѓање надоле орлите ја прашуваат мечката,
- Мецо, имаш крилја ти?
- Не.
- Кој цар си ти мецо, еј...


10.За време на студената војна, стравот од комунизмот и Советското влијание беше распространет во повеќето западни земји. Следниов разговор се води во канцеларијата на американскот претседател.
- Господине Претседателе, Русите штотуку се спуштија на Месечината и почнаа да ја бојат во црвено. Работат брзо и една четвртина е веќе обоена во црвено.
- Ок па што е проблемот?
- Но г-дине Претседателе ако ја обојат во црвено, комунистичкиот симбол има да виси над глава врз целата светска популација.
- Не се грижи за тоа, остави ги нека си работат.
После два дена советникот влетува повторно во канцеларијата на Претседателот.
- Г-дине Претседателе, скоро се готови со половината.
- Не се грижи и остави ги да работат.
Подоцна истата недела советникот тажно објавува на Претседателот.
- Г-дине Претседателе ако погледнете нагоре ќе видите дека Месечината е цела црвена. Русите завршија.
-Ок, сега кога веќе завршија испратете шатл и нека нaпишат Кока Кола низ целото.


11.Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти
ќе му испуни жељу.И кумановац кажаја :
-Ауди Q7
-Сакаш на кредит или на лизинг ?
-А ти сакаш на зејтин или на маст?


12.Тарзан поголемиот дел од својот живот го поминал во џунглата, и немал појма од поимот секс. Џејн се одлучила да му даде неколку часови по сексуалност и му рекла:
-Тарзане, Ова што го имаш ти меѓу нозете е твоето крпче, а ова што го имам јас е машина за перење алишта. Значи твоето крпче треба да го переш во мојата машина за перење. И така поминале 5 дни и пет ноќи тарзан го перел крпчето во машината на џејн без престан! Еден ден џејн целата изнемоштена му рекла:
-Тарзане не треба толку често да го переш твоето крпче во мојата машина, дај барем преку три четири дена. Тарзан се согласил и наредните 5 дена не ја ни допрел. Поминале неколку месеци тарзан сеуште не ја ни чепнал џејн! На џејн и пукнал филмот и му рекла:
- Тарзане зошто ти не го переш крпчето во мојата машина?
Тарзан и одговорил:
- Епа драга моја Тарзан се научи да пере на рака!!


13.Отворил Ристо продавница за Овошје и иде Перо :
-Добар Ден Ристо! Јаготки имаш ли?
-Немам.
Утрето пак.
-Добар Ден Ристо! Јаготки имаш ли?
-Немам и ако ме прашаш уште еднаш, ќе те заковам на зидот со Шајки!
Утрето:
-Добар Ден Ристо! Шајки имаш ли?
-Немам.
-А Јаготки???


14.Отишол некој наш градоначалник во Америка на прием кај амерички градоначалник
Приемот бил на многу високо ниво, луксузен, со гости од најбогатите бизнисмени.
Нашиот политичар го прашал домаќинот како се снаоѓа за пари за така ептен луксузни приеми,
а американецот го одвел до прозорецот и му рекол:
-Го гледаш ли оној мост?
-Го гледам.
-Е па тој мост требаше да е широк 20 метри, јас го направив да биде 15 метри и остатокот од
парите го користам за скапи приеми.
Дошло ред американецот да дојде на прием кај нашиот градоначалник, и што да види…
Приемот неколку пати полуксузен и побогат од оние во Америка, па го запрашал домаќинот како…
од каде пари…
Нашиот градоначалник го одвел до прозорецот и му рекол
-Го гледаш ли оној мост?
-Не.
-ЕЕЕЕЕЕ…..