Toolbox [дополна и статистика]

Day 1,386, 07:13 Published in North Macedonia Serbia by TheOldMan67

Денеска сме сведоци на уште една промена имплементирана од Плато која е поврзана со економскиот модул: кутија со алат или TOOLBOX. Проверете го складиштето (STORAGE) и во секцијата "COLLECTIONS" можете да видите кои пет алати се потребни да ги соберете со цел да го зголемите вашето производство (ова е многу слично како и при склопувањето на базука). Тоа се:

- HAMMER (чекан)
- PLIER (клешта)
- SAW (пила)
- SHOVEL (лопата)
- TAPE MEASURE (метро за мерење)

Како што деловите за базука ги собирате во текот на војувањето, деловите за кутијата со алат ги собирате при работењето во вашите сопствени RAW компании. Кога ќе комплетирате еден TOOLBOX, истиот ќе ви овозможи двојно да го зголемите вашето производство за наредните 5 WaM (Work as Manager) кликнувања.

Првите резултати кои се спроведени од еден мој пријател во Ирска покажуваат дека имате околу 5% (5.0😎 шанса да земете одредена алатка - ова значи дека би требало да соберете една алатка на секој четврти (3.93) клик (при еднаква дистрибуција на типовите алатки). Резултатите од испитувањата направени за 570 WaM клика се следни:

- 33 чекани (5.78😵
- 26 клешти (4.56😵
- 28 пили (4.91😵
- 28 лопати (4.91😵
- 30 метра за мерење (5.26😵

Генерално, ова значи дека на секое 20-то (19.65) WaM кликање ќе успеете да ја комплетирате кутијата со алатки, односно да ја дуплирате продуктивноста во наредните 5 кликања. Теоретски, ова значи зголемување на производството од 25% во RAW компаниите кои се во лична сопственост, односно се базирани на WaM кликањето.

Од сето ова произлегува дека се очекува намалување на цените на RAW материјалите, а светскиот пазар реагира на таа промена. Според ова, глобална проценка е дека цените на готовите производи ќе паднат во просек од 10% – 15%.