The retun of the jedi, сватовите и принцот of Narnia

Day 1,259, 06:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokalipto


Поштовани публикуме ...се вратив... навистина се вратив \o/

После напорната празнична реденка на кршојајчење и месождерење +/- неколку мрсни и одвратни дамки во нашата беспрекорна историја и мало просерување со уредувањето на категоритие на весниците одлучив дека најарно ќе е да си останам мадро и да се воздржам од пишување на некој период, па како за сеФте, статијава со која се враќам од мртвите ќе биде чисто информативна да го презентира ставот на владата и тековната ситуација... за да олесни на збунетите, не толку збунетите и тие останатите вон категорија.

Значи... почнавме уп*чку матер, хаос, преселба во италија, плачење за загубеното и така натаму и чинам се траеше до моментот кога нашите мили соседки - бугарите не не освоија целосно и ставија крај на маките и дезорганизираноста па веќе немаше што да губиме и по што да лудуваме.

Сега сме во Италија, кутрите некако пробуваат да не исфрлат... ама изгледа долго ќе им паразитираме и МОРА да ги казниме за тоа што не го испочитуваа и за сите навреди кон нас. Италија ќе ПАДНЕ, нашите региони лесно ќе ги вратиме штом еднаш јако закрепнеме и убаво се стабилизираме во нашата нова средина, едноставно се фативме на орото и нема пуштање, ќе си го играме до крај... додека целосно не ги столчиме... и ќе останеме глуви на нивниот плач и молби.

Франција... се исили како мало детенце потикната од италијаните, ама изгледа како и досега и сега... пишман аџијата повторно се пишмани и си побара ...капитулација, на што ние се согласивме за да може убаво да се фокусираме на чистењето на италијанците и враќање на нашите оригинални региони.

И то би било то ем од околу ем директно за она најгорливото, и мило ми е што можам да речам - Македонци, се ќе биде во ред и ќе бидеме едни од најјаките тука - потполно заслужено затоа што според сите статистики убедливо сме едни од најдобрите.

Е да... ваквата ситуација има и една неверојатна предност, и може да ни донесе едно ново и огромно задоволство во играва, кое гарантирам дека ќе го пробам/е како дел од победничкиот тим на Струмјанин.

Останете ми со 100 здравје и се читаме набрзо.

Македонија о7