Strume ante portas WTF ! [ Претседател ]

Day 1,219, 01:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



EDIT : НАРЕДБИ :

Цивили - вие го освојувате Рим !

Армијо - вие и помагате на Турција !

Сите го игнорираме востанието, остајте Црна Гора тоа ќе си го среди - им го враќаме регионот!





Ајде дојде ред и јас да напишам една статија по повод новонастанатите состојби. Одиме со ред...


ВОЈНАТА СО ИТАЛИЈА



Како што гледаме сите, војната ни оди според план и прописи. Што се вели, една мини битка немаме изгубено. Да, ова е момент за славење и гордост, но и за приземност. Кај и да е, ќе освоиме преголем дел од Италија и ќе почнат да ни прават востанија и слични занимации. Тоа што ја прави лесна оваа војна е моменталната офанзива на ОНЕ. Многу посилни земји од Италија ги губат своите матични територии. Нормално е Италија да не биде висок приоритет за ЕДЕН кога и самата Романија е преполовена на мапата. Затоа ова е позитивен момент за нас и ние ќе го искористиме до максимум. Продолжуваме понатаму со освојувањето. Секоја новоосвоена италијанска територија ја прогласувам за оригинална македонска регија 😛


ОНЕ


Нашиот сојуз бележи успеси неколку дена по ред. Договорите со Шпанија и Полска ќе се случат во моментот кога ќе им истечат нивните со Италија. Не смееме да потпишеме сега бидејќи самата војна ќе ни ги поништи и џабе сме фрлале пари. Значи за некој ден, ќе потпишеме прво со Шпанија, а потоа и со Полска. Со тоа се зацврстува нашето место во ОНЕ. Пак ќе повторам, имајте трпение и бидете дипломатични. Најглупо нешто од наша страна е да ги напаѓаме сегашните или идните сојузници. Како расте нашата моќ – така ќе расте и нашата важност во еСветот. Наскоро ќе биде чест за другите земји да потпишуваат договори со нас. За некои земји тоа веќе е реалност. Затоа, само смирено и мудро. Дипломатија не се тера со изигравање увреѓена странка.


ЕКОНОМИЈАТА


Има ли уште некој што не разбра дека во оваа игра АДМИНИТЕ се богови?!? Промените се случуваат секоја втора недела. И тоа огромни промени. Токму сме ги натаманиле даноците и другите тракатанци – им прошол рокот на траењееее. И пак нови требаат. И така постојано. Имавме мака со пренизок денар, па со хиперпродукција, па сега со висок денар... ни до попладнево не може да се предвиди што ќе бидне, а камоли за недела, две. Админите пак почнаа да откупуваат производи и да уфрлаат денари во пазарот. Пред некој ден, кога го воведоа тоа магацинот, админите имаа заборавено да пресметуваат данок и со тоа државите два дена седеа без приливи. Некои дури се избрзаа да променат даноци во согласност со новата ‘промена’. Еве сега пак ги враќаат по старо. Јас не сум Таки Фити и не разбирам макроекономија. За да се справи човек со овие турбуленции треба да има докторат по економски науки (и тоа ќе му држи додека не го заебат админите 😛 ). Отворив дебата на Форумот за евентуалната девалвација на денарот. Попаметните од мене ги молам да се изјаснат. Сепак Македонија е земја на експерти! 😉


МЕДАЛИ, РЕФУНД и други детски работи


Додека сум јас Претседател – никогаш нема да се замарам кој зел, а кој не зел медал. Претежно сте возрасни (или наскоро ќе бидете) – разберете се меѓусебно ко луѓе. Јас има даааалеку поважни работи од тоа да му ја мислам кој е на ред да земе медал. Не ме интересира и не можам да губам нерви уште и за тоа. Само едно ме интересира : да удирате според наредбите на Министерството за Одбрана и да се борите за интересите на еМакедонија. Толку!

Рефунд. Уште една детска работа. Да ви кажам прво како почна приказката. Моја одлука е да ги држам парите во Народна помеѓу 500.00 и 600.000 денари. Со тоа имаме одлични резерви за долга војна (не дај Боже, ако притреба) и да одржуваме стабилен курс на денарот. Сите пари кои доаѓаат над 650.000 денари, јас се трудам брзо да ги вратам назад во економијата, во оптек. Најпаметен начин тоа да го правам е да се дели на воените единици. Ем тие удираат за Македонија, ем војниците напредуваат, ем економијата се стимулира. Првпат одобрив кога се боревме со Србија и тоа на СС за да спасат една битка. Оттогаш навака, се дава на единиците, ама тоа не е рефунд луѓе! Тоа е дар, БАКШИШ од државата на единиците и нивните членови! Државата НЕМА должност да дава на паравоени единици, како што самите се нарекуваат. Само АРМ е должност на државата! И доста плачење по таканаречен рефунд. Точно е дека треба да се допрецизира како да се дели за да биде фер до крај и да нема приговори, макар што Македонче ненаситно секогаш ќе помисли дека комшијата зел повеќе. Кој што сака нека верува, јас не си ја компромитирам ниту еЛичноста за еб*ени еПари. Јас се радувам и на силен Панзер, и на силен СС, и на силен МТО, па и на силен Армакедон. А најмногу се радувам на силни Лавови и Тигри! Аман веќе со тие клеветења и кавги меѓу единиците. Дај смирете се малце и доста со тоа понашање ко жени на чешма. Воена единица е воена единица – не е секта! И доста со филмање!


ВОЕНИ ЕДИНИЦИ


Ни требаат уште. Многу повеќе од сега. Само 10% од нашата воена сила е организирана во единици. Затоа, ве повикувам да формирате нови (пара)воени единици. Организирајте се, здружете се, може да организираме менторски систем од веќе постоечките. Во последниве скоро месец дена војна сфативме дека имаме прејаки цивили. Таа енергија мора да се канализира за да бидеме организирана воена сила. Формирајте единици и контактирајте ме за помош. Даночните пари се народни пари. Јас сум само привремено нивен чувар ама секако дека ќе одобрам помош за да расте нашата воена моќ!


Луѓе – вчера сме направиле 23 милиона штета еееееј ! (мочнаф од радост) 🙂


И еве да научите по некој збор италијански – да не ме брукате по Рим! xD


http://www.youtube.com/watch?v=aHZwYObN264


Струмјанин