Specijalna edinica VOLCI

Day 1,196, 07:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Stanko Sarafiloski1
ЕДНАШ ВОЛК ЗАСЕКОГАШ ВОЛК

Македонските волци се предвесници на новиот бран во Армијата на Република Македонија. Тие се типичен пример за тоа како треба да изгледа македонскиот воин на иднината и во светот а посебно на балканот: мотивиран, одговорен, зрел, тимски играч, интелигентен, психички стабилен, доверлив, дисциплиниран и приспособлив, кој секогаш појавува лидерство, другарство, влијателност, правилно расудување, одлучност и бестрашност. Совршено владее со класичните вештини на борбата, но и со најмодерното вооружување и се високообучени и опремени, по сопствени и по НАТО стандарди. Тие несакаат многу да се зборува за нив. За нив говорат делата. Таму каде што е најтешко, каде за другите е невозможно, секогаш и секаде први се токму тие - македонските волци. Под тоа мото работат, под тоа мото живеат. Македонските волци се всушност обични луѓе од народ, но различни по високообученост и по вербата во себе и во својата сила. Дејствуваат како колектив, сите со подеднакво значење и се е подредено на основната цел: извршување на доверената задача. Македонските волци се македонски воини од нов тип. Максимално подготвени и решителни, дејствуваат стопени со природата. Секој дел од акцијата сеодвива и ништо не се препушта на случајот. Секој предмет го смета и го користи како убиствен. Нив ги краси и нешто многу повеќе: патриотизам, зрелост, доверливост, човечност, тимска работа и дух што плени во изведувањето на секоја акција и во секакви услови. Со својата појава секогаш оставаат впечаток на сигурност, моќ и верба. Припадниците на Единицата се млади и стројни момчиња, избрани врс основа на строга селекција. Располагаат со високи психофизички способности и со осет да се снаоѓаат во секаква ситуација. Кога е во прашање одбраната и сигурноста на земјата ВОЛЦИТЕ СЕ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ, во првите редови.
Специјалната единица Волци е формирана во 1994 година од сегашниот началник на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски и покрај учеството во конфликтот во 2001 година присутна е и во мисиите во Ирак и Авганистан каде постојано ги добива највисоките оценки. Функционираат повеќе години а досега на чело на елитата биле пет команданти. Заштитниот тотем на оваа единица е разјарен волк, диво животно предатор кое го има насекаде во нашата држава. Токму синонимот на волкот дека е предатор и неговото организирано движење и ловење во природата во тимови глутници е основата зошто нашите најдобри армиски специјалци го зеле за свој заштитен знак.
Основната премиса за употреба на Специјалните сили на Македонија е да се води неконвенционална војна, и тоа на теренот на противникот.
Типот на одбраните единки, различните вештини што ги учат и нивните тимови (главно) од десетмина се наменети за справување со различни бунтовници, терористи, герилци и во мали војни - мрачни неконвенционални закани што преовладуваат во денешниов свет. Оперативните на единицата Волци, кога е најопасно и најризично се самостојни на теренот. Ги предводи офицер (капетан), а ги сочинуваат најчесто искусни војници со чинови до водник. Секој припадник на Волците е специјализиран во некоја област. Најчесто командната хиерархија е преземена од американската армија а таа е следна Браво (оружници), Чарли (инженерци и минери), Делта (болничари), Ехо (комуникации) и Фокс (водник разузнавач). Овие прекари произлегуваат од воената азбука за означување на нивната војничка професионална специјалност: 18Б, 18Ц, 18Д, 18Е и 18Ф се петте индивидуални специјалности на А-тимовите за специјални намени на армиите. Улогата на специјалната едниница Волци е справување со тероризмот и организираниот криминал, етничките судири и конфликти се битно обележје на новото време. Волците , се создадени за одржување и чување на безбедноста на државата а нивните членови се подготвени да се справуваат со новиот вид безбедносни предизвици. Денеска не постои ниту една сериозна армија или полиција во светот која е достојна на специјалната едниница Волци. Секогаш и секаде први. Ова е мотото на специјалците на АРМ, кои први стигнуваат на кое било место во Македонија и за момент подигнуваат логор. Некаде на 1.500 метра надморска висина учат за преживување од она што можат да го најдат во природата. Се спроведува обука во базирање и исхрана во природа. Тоа е основна обука за евентуално преживување, доколку е потребно некој припадник да го спроведе некогаш во борбените дејствија. Обуката за снаоѓање и преживување во природа специјалците на АРМ ја изведуваат најмалку два пати годишно.