RW и BH, нов тренд во еМакедонија!

Day 1,729, 03:08 Published in North Macedonia North Macedonia by toAdMAK

Добар ви ден драги браќа и сестри.

Како што можам да забележам, во последно време еМакедонците, а особено овие помладиве се целосно преокупирани со потрагата по BH и успешни RW.
Претпоставувам дека започнувајќи да ја играат играва, ги забележале сите статии за формирање на востанички тимови, статии по кои нашите еМакедонци се плукаат меѓусебно заради тоа што некој на некого му го украл BH медалот, и сфатиле дека всушност тоа е и целта на играта, да се добијат што е можно повеќе BH и RH медали. Со тоа целосно ја промашиле идеата на оваа игра, а тоа е БРАНЕЊЕТО НА БОИТЕ НА ТАТКОВИНАТА. Жалосно е кога гледам играчи од 24-25 левел, кои речиси и немаат инфлуенс за еМакедонија, а веќе имаат по неколку (10-тина) BH медали и по некој RH медал. Својот инфлуенс го даваат за некоја сосем трета еЗемја каде можат полесно да стигнат до медал. Каде е грешката? Политиката на нашиот државен врв, лакомите еМакедонци кои на секој можен начин се обидуваат да стигнат до +1 голд, недоволната информираност на играчите? Претпоставувам се си има свое влијание, а барем до сега, ретки се оние кои се обиделе да преземат нешто и да го подобрат сето тоа. Дајте веќе еднаш да се обединиме, барем сега кога уживаме 9 ресурси. Да се организираме и соединиме, затоа што може за кратко време да изгубиме се.

Останете ми со 100 здравје.

За shout:

RW и BH, нов тренд во еМакедонија!
http://www.erepublik.com/en/article/rw-bh--2101684/1/20


И за крај: