President Impeachment ( ТЕНКОВИ МАКЕДОНСКИ ВИЕ СТЕ ИЗЛАЖАНИ)

Day 1,253, 06:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Значи јас денес вака од сабајле си седам на ерепублик и како и обично на чатот си спамирам пошто сепак тоа е моја работа за тоа сум министер 🙂!
Кога во еден период стана некако досадно многу и си реков ај што да правам ќе напишам нешто на шаут за да ми биде поинтересно и да имам мотивација некаква за спамирање. Но, со самото тоа што јас сакав да си го направам поинтересен денот дознав една ГОЛЕМА ДРЖАВНА ТАЈНА која ќе ја поделам во овој момент на сите а, која највеќе ќе ги интересира нашите големи и силни Македонски тенкови кои секојдневно трошат злато за одбрана на татковината а, незнаат дека и нема потреба да даваат РЖ пари и се ќе им појаснам откако ќе им ја покажам оваа слика.

За Голема Слика
КАКО ТОА СУМ ДОБИВАЛ ЗЛАТО А ЈА НЕЗНАМ?!

Значи во овој шаут ја дознав големата државна тајна која ја криеле нашите претседатели цело време а, за која ние обичните смртници не сме свесни.
Тоа е последниот коментар на мојот шаут!!!
Сега имам едно прашање до нашиот моментален претседател Makedonec3 кој е КУМОТ на сите овие тајни кои се кријат од народот и заедно со неговата влада делат злато на сите кои им даваат РЖ пари кои сепак не се толку скапи како да се купат дирекно од играта!

Сигурно си мислите додека ви го кажувам ова која е оваа будала што ваква тајна која е за негова корист ја кажува во јавност?
Епа оваа будала која ви ги кажува овие работи ја игра играва за еден ден да ја види еМакедонија, еСветска сила а тоа би се случило доколку оваа тајна излезе на виделина и другите тенкови како: ScymeX, DexterMKD, Nemiemien и други, би трошеле многу помалце РЖ пари за злато и со тоа би купувале повеќе, а со тоа знаете што следува кога такви играчи би биле во можност да се испукаат дупло повеќе отколку сега... цената за 300 злато да се купи од владата е 50 евра наместо од ерепублик каде што е 100 евра!!!

Затоа би ве замолил сите доколку Makedonec3 не ја извади вистината на виделина конгресмените да изгласаат PRESIDENT IMPEACHMENT и да се престане со манипулацијата на народот!!!

ЗАТОА ВЕ МОЛАМ НА СИТЕ ЗА ШАУТ ЗА НАШИТЕ ТЕНКОВИ ДА ГО ВИДАТ ОВА И ДА РАЗМИСЛАТ КОЛКУ БИЛЕ МАНИПУЛИРАНИ ДО СЕГА ОД ЕДЕН ЧОВЕК!!!! 🙂

Значи овој артикал не треба да го сватите сериозно затоа што е една шега на сметка на претседателот и благодарам на Mario Simunoski кој ми ја даде идејата со неговиот коментар!! се надевам дека ви се допадна!!!