Once upon a time

Day 1,308, 17:54 Published in North Macedonia North Macedonia by thedragon
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ !!! АКО СТЕ МРЗЛИВИ ИЧ НЕ ЧИТАЈТЕ ДЕКА Е ДОЛГА СТАТИЈАВА !!!

Во далечното 2009 лето господово, точно на овој ден почнав да ја земам мојата прва и единсвена дрога(засега) еРепублик !!!!!

Не ми се верува дека толку брзо поминаа две години, две долги и тешки години за мене и во РЛ, а и овде xD

Малце еИсторија за мене 😛

П.еМ.Е(Пред еМакедонската Ера) 😃

Во далечната 2009 година се родив на овој еСвет во Јава, Индонезија од татко NENO-WH а мајка непозната, и одма почнаа да ми стигаат пораки од други играчи со туторијали и разна помош и си реков е ова е уште една глупа онлајн игра која нема да ја играм повеќе од два месеци.Но тогаш дознав дека има многу други Македонци што играат дека имаме своја Банка и своја КАУЗА, полека но сигурно се запознав со сите, си направивме партија во Индонезија еден месец бев претседател на таа партија, после тоа се преселивме во Русија каде што си имавме своја војска благодарение на тогашниот претседател на еРусија Moredan Kantose таму го преживев мојот наглоем дел од еЖивотов, одвреме на време си тргав на страна за еХабугери(прашајте го Ванчо) и почна да ми здосадува и си отворив ку3 фирма за оружјо со макотрпните спечалени пари и си имав во тоа време добар профит од 2 голд на ден од фирмата, но и тоа почна да здосадува, веќе им прекурчивме на админиве со барања за еМакедонија со статии и петиции со повеќе од 12000 гласа и потпишувачи од сите еЗемји дури и од нашите денешни еНепријатели.
После Распаѓањето на МФ од Русија формиравме МФ во Турција но и таа кратко траеше.И тука доаѓа најинтересниот дел од мојот еЖивот ПТО-то кое прерасна во АТО на еБелгија, таму станав конгресмен и набрзо Министер за Финансии два полни месеца и половина месец Министер за Одбрана на Белгија(сакам да им се заблагодарам на Olv_007 и Еленеа(тогашни еПретседатели на Белгија)
После тоа веќе на сите ни скурчи и сите еМакедонци се разбегавме на секаде некои на ПТО во Кореја други на ПТО во Чешка трети во русија четврти во Турција, а јас си бев во Србија во White Eagles заедно со Ванчо, Лавот и уште два тројца Македонци.Тогаш админите ја усраја цела игра со В2 верзијата и скоро сите еМакедонци се откажавме, дури планиравме да ги продадеме акаунтите и златото од НБРМ и да ги донираме парите за хуманитерни цели.Но тогаш БУМ од страна на адмните ЈА ДОДАВАМЕ еМАКЕДОНИЈА но не како еМАКЕДОНИЈА туку како фиршит и почнавме со статии петиции тикети преку илјада тикети на ден сме прачале и дојдовме до еден компромис за ова име како што ни е сега иако нема никава смисла xD

еМ.Е(еМакедонска Ера)

Откако ја додадоја еМакедонија бев член на Првата привремена влада и конгресмен од ОеМ.Бев еден од првите членови на АрМакедон кој го напуштив поради едни плукачи кои веќе не играат, потоа се отажав едно две недели кога гледам на ФБ Македонија во војна со еБугарија, си викам е мајката баш кога заминав интересното почиња и се вратив, влегов во МТО се забавував малце со нив но ми стана повторно досадно една иста рутина и си излегов од МТО и два месеци си бев самец, после тоа еден другар ме повика во Лавови и дојдов во лавови и се беше супер се додека не влегов на работа во РЛ и немав време да седам по цел ден на чат и ги напуштив и нив и моментално сум си во ВОЛЦИ каде што ми е супер(голем поздрав до екипата).

Повеќе еИсторија тука и тука.

Воедно ми недосига времето кога сите се водевме според една КАУЗА за еМакедонија, која повеќе ја нема сите почнаа да се делат дали по партии или паравоени, караници нервози, влезе РЛ овде и заради тоа највише се нарвирам.
Си ја сакам старата КАУЗА додека ја немаше еМакедонија сите се држевме како ЕДНО сите заедно за ЕДНА цел за еМАКЕДОНИЈА.


ЗАТОА ЕДНА ПОРАКА ЗА КРАЈ
ДАЈТЕ ДА БИДЕМЕ ЕДНО ЗА ЕДНА КАУЗА ЗА еМАКЕДОНИЈА, НЕ за АрМакедон, НЕ за ПАНЗЕР, НЕ за АРМ, не ЗА СС, не за ОеМ, не за МНФ, туку за ЕМАКЕДОНИЈА !!!!


И сите ве чекам во субота на 25 во кафаната ПРИНЦ во Тетово на третата голема еРепублик СОБИРАНКА !!!
ПОВЕЌЕ ЗА СОБИРАНКАВА ТУКА, СЛЕДУВА И СТАТИЈА СО ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕН ДВА xD


ПОЗДРАВ ДО СТАРАТА ГАРДА ОД П.еМ.Е и поздрав на сегашната гарда од еМ.Е !!

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ !!!

ДЕЛАМ ЛЕБ НА СЕКОЈ ПОД 20 лвл и ке пише ВОТЕ и СУБ во КОМЕНТАР за мојов
втор еРоденден.
Со Почит :