Oбјаснување на офанзивата над Грција [ ПРЕТС ]

Day 1,287, 05:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin




Можеби делува хаотично и неповрзано на прв поглед, но секој напад над Грција е дел од поголем мозаик кој денес решив да го објаснам.

Се надевам дека разбирате дека стратегијата морав да ја објавам со задоцнување, се разбира, со цел да не ја дознаат Грците. Се’ додека не е предоцна 😛


ПРВА ФАЗА – ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ

Апулија

Стара Кунг Фу поговорка вели: “Борецот мора да даде еден чекор назад, за да замавне подобро”. Тоа беше Апулија. Ја отстапивме и добивме 2 дена повеќе. Воедно Италија ги изгуби сите МППа заради тој наш маневар.


ВТОРА ФАЗА – ОДБРАНА



Западна Македонија

Во епска битка ја одбранивме ЗМ. Цел ОНЕ беше алармиран, сите тенкови навремено известени, битката беше прогласена за битка од врвен приоритет. Целта беше не само да се одбраниме, туку да ја превземеме иницијативата (правото ние да напаѓаме, а не Грција нас).


ТРЕТА ФАЗА – ПОВРЗУВАЊЕ


Македонија – Епир – Јонски Острови – Апулија


Битката за Македонија беше апсолутен приоритет на ОНЕ и на секој еМакедонец. Во третата фаза целта беше да си ги измериме силите со Грција. Иако по освојувањето на Македонија, некои од мене очекуваа веднаш да ги нападнам Егејските Острови, проценив дека иако два пати победивме, се уште не ми е јасно колку и дали сме посилни од Грција. Затоа како тест следуваа нападите од фазата Поврзување.


ЧЕТВРТА ФАЗА – ОТСЕКУВАЊЕ / ДЕКАПИТАЦИЈА



Егејски Острови

Со освојувањето на Егејските Острови Грција остана САМО СО ЕДЕН РЕСУРС. Нивниот главен град – Тракија е отсечен од сите други територии. Што би рекол Картман: Sweeeeet! 🙂



ПЕТТА ФАЗА – ПРОДОР НА ЈУГ



Египет и Арабија


Некои се прашуваа – што бараме надолу? Зошто не ја бришеме одма цела Грција? Зошто не земеме железо веднаш и слично...?

Прво, секој освоен регион во Египет и Арабија е безбеден од востанија.
Грците ќе креваат повеќе востанија за своите матични територии. Не таму.

Второ, сакам постепено да ги асимилираме, а не одеднаш да внесеме 1000 Грци во рамките на нашата еДржава. Кога ги освојуваме малку по малку, не можат да ни креваат сериозни востанија.

Трето, ослободувањето на Арабија и Египет ни создава нови сојузници.

Четврто, ќе земеме жито, кое ќе го држиме бар неколку денови.

Петто, колку повеќе територии им земаме, толку е послаб моралот на Грците. 😛

Во мојот мандат, немам никаква намера да ги поробуваме Египет и Арабија. Мислам дека не треба да се лакомиме, и треба да ги оставиме на рает. Да, ќе го држиме мостот до територијата со жито една две недели, но толку верувам дека е доста.

FREE EGYPT ! FREE SAUDI ARABIA !




ШЕСТА ФАЗА – ЖЕЛЕЗО


Пелопонез

Денес го освоивме. На ред е житото.


TO BE CONTINUED...


Струмјанин