MRDLjS

Day 1,526, 11:31 Published in North Macedonia Chile by AlexSkopje

Во предизборнава вечер за конгресменските избори јануари 2012, како преседател на најуспешната партија MRDLjS,решив да ја напишам оваа статијава.

Како што можевте да забележите јас како преседател и активното членство на партијата овие денови не се спушти на ниво на кое за жал битисуваат добар дел од еМакедонците и не се впушти во препукување за тоа која партија е подобра, од која партија членовите се вечни лидери, не се впушти во креирање на мулти профили со цел влез во топ5.

Ова наше однесување не е затоа што сме инертни на политичките случувања, напротив будно ги следиме сите оние кои мигрираат од партија во партија, повеќекратните конгресмени кои повикуваат да им се слушне гласот(???), до нерализираните вечни кандидати за конгресмени, вечните тркачи по медалот.

Не зависно како ќе продолжат да се однесуваат останатите партии и нивни членови, НИЕ остануваме на нашето достоинствено однесување и на овие конгресменски избори, како и секогаш до сега излегуваме со сериозни кандидати, за кои сме убедени дека ќе имаат активна улога во конгресот и во координација со актуелниот и наредниот преседател ќе ја водат државата во правец кој сите го посакуваме.

За сите оние кои не се определени или преку глава им е да слушаат како едни се попаметни од други, можат слободно да се приклучат на нашата партија. http://www.erepublik.com/en/party/mrdljs-3607/1

поздрав до сите актуелни и идни членови на MRDLjS