Mojata Prva Statija :)

Day 1,194, 15:31 Published in North Macedonia North Macedonia by greanaRAKIJA

Па покрај сите што отворија весници, еве ме и мене малку во еНовинарството.

Решив мојот весник да носи име еМакедонски Забавник*еФаН бидејки има премногу весници и премногу артикли кои се занимаваат со пишување статии за секојдневните еРепублик проблеми, а премногу малку се тие што се грижат за опуштање на народот и кревање на расположението во нашата мила еДржава.
Со ова несакам да го поттикнам отварањето на ваков тип весници туку едноставно ова е ФАКТ.

Со оглед на тоа што ова е моја прва статија би сакал да ви се претставам, впрочем и ред е да ви се претставам.
Ке почнам со РЛ, се викам Никола, живеам во центарот на Скопје, тинејџер сум, учам во СУГС "Орце Николов" - Скопје, една од најјаките гимназии ако не и најјака 🙂 впрочем се надевам сите ја знаете и кога сум веке тука еден ГОЛЕМ поздрав до сите кои планираат да учат, учат или учеле тука...
Малку се задржав со гимназијава ама нема врска, продолжувам понатаму...
Мислам дека е доста околу мојот РЛ, ако некој сака да знае повеке може да ме контактира преку ПМ.
Да преминам на еЖивотот.
Во еЖивотот се викам греанаРАКИЈА, името го истресов од ракав, да не помислите нешто погрешно за мене 🙂 , играва почнав да ја играм пред нешто повеке од 4 месеци и за ова време имам и видено и слушнато па и читано доволно за да отворам весник и да дадам свое мислење во него, но тоа се надевам ке биде ретко во мојот весник бидејки главната идеа на весников е забавување и кревање на расположението. Покрај ова член сум на прајтијата МНФ и во скоро време планирам да се кандидирам за конгресмен во што се надевам дека партијата ке ме поддржи.

Како и да е во весников ке има секакви статии, како на пример: статии во кои ке се пофали некој односно ке се оцрни некој, статии во кои ке има завава (вицеви,гатанки,пословици,мудри мисли и сл.) нив ке ги има најмногу, статии во кои ке се даде некој предлог, статии во кои ке се даваат огласи, многубројни ММ акции и сл.

Ова ми е прва статија, како што реков и како што може да приметите и се надевам дека мнгоу од вас ке ме поддржат со ставање на SUB i Vote, па на крај краева може и само Sub 😃 нормално доколку не ви се допаѓа нешто во врска со моите статии или воопшто со мојот весник може слободно да ми кажете па и да ме покарате малку 🙂

И за крај ЦИЦИЊАААААА!!!







Поздрав до сите, останете ми со еЗдравје и се читаме во скоро време!





И АКО МОЖЕ SHOUT ЗА ДА ВИДАТ ПОВЕКЕ, ФАЛА ВИ ОДНАПРЕД!!!