Moj vesnik moj stav - Brat brata ne rani, tesko mu e koj go nema.....

Day 1,223, 10:27 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.

Брат брата не рани, тешко му е кој го нема...

Мислам дека самиот наслов да го поставев како статија на поискусните и позрелите играчи веднаш ќе им станеше јасно која е пораката и мојата цел ќе беше завршена.

Но сепак сакам малку повеќе да обрнам внимание на оваа стара македонска изрека.
Сите сме сесвни дека како и сите држави и еМакедонија се залага за остварување на што поголем број на сојузништва со другите држави. Но целта не е само да се остварат што е можно поголем број на МРР туку да се биде верен на тие држави.

Големо внимание ми привлече нашата освојувачка офанзива против Италија и враќањето на регионите на Црна Гора.

Имено, колку и да е зидот во полза на нас, македонските војници и цивили упорно се борат на тие битки. Иако има наредби за приоритет на битките сите се летаат по тој НЕ бонус макар и непотребно се бореле.

Но каде е тука солидарноста, безрезервната поддршка која еМакедонија ја очекува од своите сојузници и која што нашите сојузници ја очекуваат од нас.Непотребно се прави инфлуенс на битки кои што веќе се добиени наместо да се помогне на сојузниците во последните минути кога се решаваат битките во доменот на 1-2 %. Сепак на Србите им должиме многу повеќе од тоа што го добиваат. Сепак да напоменам, да не ни го дадоа реонот Западна Србија, немаше да имаме никакви шанси да стигнеме д о Италија. Ќе тапкавме во место.

Статијава ја пишувам со цел пошироко да гледаме на улогата сојузник, не само како алијанса. Сојузник е кога знаеш дека можеш да се потперш на некој кој нема да те изневери (исто како што за помош на турците влеговме во војна која што не чинеше целосна окупација). Во моменти кога цивило ги добиваат битките потребно е целиот воен потенцијал да се насочи кој помагање на сојузниците.

Отворете ги вратите од магацините и потрошете некое лобче и пушка за сојузниците. Кога тогаш и они ќе ни потребаат на нас.

Бескрајно сум благодарен на Српската влада и Претседател кои што ни помогнаа кога ни беше најтешко, и не треба да го заборевиме тоа.

Брат брата не рани, тешко му е којо го нема....Имаме доволно братства, но да не останеме без нив па да ни биде тешко...

Останете ми со 100 здравје
Ваш
MeDsLeinad