KOMITI ZAPAD - NAVIVACKO OBEDINUVANJE

Day 1,838, 15:47 Published in North Macedonia North Macedonia by sensormak

По настаните коишто се случија во нашата држава минатиот месец ние навивачката група Комити прогласуваме еднострано дека на натпреварите кои што ги игра нашиот клуб во било кое натпреварување ќе ги смениме критериумите на навивање.
Имено против секој македонски клуб повеќе нема да практикуваме негативно скандирање на било која основа. Најстрого забрануваме нашите членови да напаѓаат физички или ве...рбално други навивачи Македонци без разлика дали на натпревар или надвор. Мотивирани од помислата за обединување, прогласуваме дека ќе ја закопаме непријателската секира.
Да направиме примирје кое ќе биде само почетен основ за понатамошна соработка, бидејќи нашата држава е над се, и секое ривалство мора да се згасне доколку сакаме понатамошна соработка.
Ги повикуваме сите навивачки групи да не известат доколку имаат било какви идеи во кои ние секако би се приклучиле, да го надминеме егото и ривалството и да почнеме да гледаме за една поголема цел. Нек...а о
ва биде само прелиминарна согласност за сите навивачки групи да покажат иницијатива за обединување.
Како прва акција предлагаме овој викенд да се извади парола “Послушајте патриоти” на црвена позадина со жолти букви која што ќе стои на оградата на сите трибини, а ќе биде попратена со истоимената песна.
Ние ја поддржуваме секоја иницијатива, така што ќе ја поддржиме и идејата на Фемили Аеродром и ќе понесеме Македонски знамиња на нашата трибина во Недела.
ПОВИК ДО СИТЕ!
Ова нека биде само почеток на нашиот глас !
Од мали идеи до големи чекори!
ВО НАПАД ВО НАПАД ЗА МАКЕДОНИЈА и ПРЕДАВНИЦИТЕ ПАТАТ !!