Kako da prodolzime ponatamu ?

Day 1,505, 20:18 Published in North Macedonia USA by baniraniot

Ни се појавуваат проблеми па викам ајде да се активирам малце....и што да видам ни се спрема пекол. и немав попаметна работа во 4 сат сабајле па решив да ја погледнам малце мапата. Не знам каков е планот за одбрана, но наидов на една идеја која сакам да ја споделам. Па понатака министерството ,претседателот нека одлучат што и како ке прават.
Да напоменам за да успее идејава треба сите да сме согласни да нема карања и најважно да се почитуваат наредби.
Овој план има цел да се обидеме да опстанеме во Арабија и да не се вратиме на почетокот на патот.

1.Прво и најважно треба да се крене востание во Ал Мадинах. (Барем имаме дечки кои што се најумешни во кревање востанија) Ова востание мора да биде успешно ! И што е можно побрзо да се ослободи,најверојатно Турско,Грчкиот напад ке биде утре после 22часот,така да дотогаш Ал мадинах мора да биде ослободен.

2. По ослободувањето на Ал Мадинах потребно е да се крене востание во Уппер Египет, но не во Ред Си Кост за да има Кипар повеќе битки и да се дефокусираат од примарната цел.(во понатамошниот дел од текстот ке ви биде подобро разјаснето за ред сеа а за Уппер Египет да не губиме време и да трошиме штета за джабе).

3.Турција очекувано е да го нападне Најран и со тоа да не опкружи, а воедно и да не скрати со два ресурси.Додека пак Грција очекувано е да тргне на Миддле Египет и да зграби одма ресурс, додека пак Кипар ке мора да оди на Редси коаст или пак Табук.Наша примарна цел ке биде да ги запреме Турците,додека останатите две битки пожелно е да ги изгубиме со тоа во брзо време ке затвориме 1 фронт и ке ги зацврстиме шансите за опстанок во Арабија. Секако овде мора да се напомене дека целосно мора да се игнорира битката со Иран и Иранците мора да се ослободат !

4.Да резумираме до каде сме стигнале )))
Грција го освојува Миддле Египет, единствено може да не нападне во оригиналните региони, Кипар му останува Табук или Ред си коаст( зависи каде прво ке нападнат) и ни останува Битката со Турција која се надевам ке ја добиеме, а и да не ја добиеме ке имаме шанса за поправен во наредните региони.Исто така битно е да напоменам дека Иран ке биде ослободен и веднаш става НЕ на Турција.

5. Кипар го освојува и ред си коаст и повеке нема каде да не нападнат. Војната со нив е завршена. Грција и преостанува да не нападне во оригиналните региони.Борбата со Турција продолжува и тука треба да имаме мало олеснување бидејки и Иран се приклучува во војната.

6.Сега Кипар ке треба да помага на Грција или Турција во борбата,но за таа цел затоа реков им ги дадовме Табук и Ред си коаст.(ке имаат секое време 2 востанија). Грците ке мора да не нападнат во Оригиналните региони. Според мене овие региони треба да ги дадеме без борба за да затвориме и НЕ со Грција + грците 24/7 ке бидат под притисок од нашите востанија.Иако ке кажам ако оди лесно работата со Турција зошто и да ги дадеме оригиналните региони....(Со Грците 1 на 1 можеме во секое време така да нема да биде проблем ослободувањето според мене)

7.Да се надеваме дека во овој период ОНЕ е кренат на нозе ( се очекува Полска целосно да е ослободена, србија да ја затвори границата со Америка,Англија бар делумно да е ослободена.

8.Со ова добиваме фер војна со Турција и со помош на Иран да се надеваме дека ке ја добиеме.

Знам дека овој план бара многу пожртвуваност и доста региони губиме, но друг спас мислам дека да опстанеме во Арабија нема... да не се лажеме на 3 фронта неможеме + моментално ЕДЕН е доминантен. А за да се вратиме на оригиналните региони можеме кога сакаме... Македонија не ни бега 🙂
За тоа каде ке не нападнат се само мои логички размислувања, но процедурата каде и да нападнат е иста... Може само Грција прво да не нападне во оригиналните региони па во египет но мислам дека нема да направи такво нешто и ке се полакомат за бонус ресурс бидејки тој ресурси во Македонија знаат дека нема да можат да го задржат.И да не заборавам во Хормозган мора да има 24/7 кренато востание за да неможат да нападнат Турците таму.
Очекувам ваше мислење и добро наспијте се утре не чека тежок ден.
И не ми замеравајте ако имам некои грешки, текстов е пишуван во 5 сабајле , а за имињата на регионите намерно не се преведени или пак оригинално напишани 😉