ISKUSTVA OD NOV ZELAND

Day 1,706, 05:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Da Dottore
Da Dottore Cronicles


Пред 4-5 месеци, заситен и помалку разочаран од случувањата во еМакедонија решив да одам во туѓина. Никогаш пред тоа не сум имал друго државјанство и не сум ни помислил да си одам од еМакедонија, зошто еМакедонија беше причината поради која почнав да играм eRepublik, со други зборови од патриотски причини, да помогнам во газење на гејци. Првичната идеја ми беше да променам средина зошто се заситив од монотонија, се исти луѓе, се исти гомнојадци на секаде. Па си реков нема леб овде и така многу многу нема да му недостигам на никого( со исклучок на одредени луѓе) дај да видам како е во белиот свет. Гледајќи ја мапата и воден пред се од желбата за промена, а не за профит ( инаку ќе отидев во USA како многу други) се решив на Нов Зеланд. Немав поима што се случува таму кој е на власт, дури не ни видов дека ни се сојузници, само кликнав и аплицирав за државјанство. Откога аплицирав си реков дај малце да прочачкам каде ќе се селам. Кога гледам Србите имаат ПТО во Нов Зеланд и 70% се срби. Е си викам сега од желба да киднам подалеку , пак се наместив на пенал, да знаев ќе отидев во Србија( и тоа го направив по извесен прериод). Добро си викам олеснителна околност Србите ќе видат Македонец и ќе ми дадат државјанство, ама не било така, може поради тоа што нормално во апликацијата за CS напишав на англиски. Пројдоа неколку дена и никој не ме рецка, се додека не ми пиша еден тип од единствената Киви партија и MU и ми вика ќе ти дадам државјанство ако дојдеш кај мене во единица и во партија. Му реков во единица може а партии не ме интересираат. Во прв момент си помислив каде идам сега, ние Балканци сегде си се групираме па нормално ми беше да бидам во Српска единица, ама супер испадна, Кивите и Србите се живееле топ и си соработуваат. Супер ме прифатија и во секој момент се волни да ти помогнат.
И сега конечно, станав Киви и очекував по некое време да почнам да зборам ко нашите RL гастрабајтери, у стилу...драјваме по хајвејо, и кога сум веќе тука ај да видам барем да си најдам некоја занимација освен пукање на гејци кое за среќа можев и од таму да го правам,викам дај малце финансиски да пробам да ојачам, кога гледам 25% данок и си викам како смо се заебали, кај баш Нов Зеленд го избрав. Кога тоа во Нов Зелад ботот да ти купувал ко луд и тоа на цената комотно си додаваш 25% и ботчето си купува секоја 51 минута. Си се преселив назад во еМакедонија и купував се што стигнам од пазарот и го продавав во Нов Зеланд. За многу кратко време се напунив со злато. Тоа беа златни времиња се додека не им текна на админите да направат човечки ботови односно да отворат фабрики за ракети, и целиот мој бизнис отиде во вода 🙂 Сега си дојдов дома, не важи она да беше Леси од Македонија немаше да се врати 🙂 Ама има и една позитивна работа, сеуште имам лиценца за продажба на пазарот на НЗ, а таму сега данокот за увоз е само 1%, данокот на оружје е 5%, а цените се повисоки од македонскиот пазар што значи дека сеуште може да се заработи по нешто од класичен шверц 🙂 Отворена покана до сите шверцери!
Уште нешто ќе заборавев, иако се вратив дома сеуште сум член на MU Deathwatch Guard која е мала интернационална единица од НЗ, и која ми дава дневен рефунд од 13 Q7 без никаква обврска, односно само ДО да се исполни, така да кој е заинтереситан секој ден да добива по 13 тенка може слободно да ми пише.




- Da Dottore -