Gorgi Sugrev

Day 777, 15:40 Published in Russia North Macedonia by Stoilkovski Darko

Ѓорѓи Сугарев роден во град Битола во 1876 година во семејство од крајно сиромашни родители. Преживеаната мизерија во него раѓа омраза спрема несправедливоста и нееднаквоста. Уште во детските години тој ја почувствувал омразата и кон поробителот, а во младинските години таа добива се поголем и поголем размер.

Не успевајќи да заврши IV. клас во Битолската гимназија, поради големите семејни оскудици, тој ја напушта гимназијата и ѝ се оддава на учителската кариера, преку којашто успева да го прави тоа што најмногу му лежи на срце: да го буди народот и да го учи, како да се бори и умира за својата слобода. Тој учителствува во градот Битола, Битолската и Кичевска околија.

Последната битка на Сугарев

Пролетта на 1906 година, поради појавувањето на грчки андарти во Мариовско, Битолското окружно тело му наредува на Ѓорѓи Сугарев да оди во Мариово и да се пресмета со непријателските грчки андарти таму.

Во тоа време, Петар Лигушев, началникот на Битолската окружна организација заради лични интереси станува предавник, и започнува на Битолскиот валија да му предава тајни на комитетот. Така, тој на Битолскиот валија му ја кажува маршутата на четата на Сугарев која е на пат кон Мариово за пресметка со андартите. Точно кога на утрото на 24 март 1906 година Сугарев пристига во село Паралово, кон селото се испраќа илјадна војска која го опколува селото. Се започнува битка која трае до пладне.

Жртвите на турците се големи, но четата нема возможност да го скрши обрачот. Гледајќи дека нема излез, Ѓорѓи Сугарев ги испукува сите куршуми, а со последниот се самоубива. Со него умира и целата негова чета од 21 души.

Ѓорѓи Сугарев е еден од мнозината скромни и предани дејци на македонското ослободително дело кои што умреле со оружје в рака сред виорот на нерамната борба против непријателите на потиснатиот македонски роб.
http://www.youtube.com/watch?v=Myw9rloYUDQ&feature=related