GOLEM POTRES VO EKONOMIJATA ILI PAK NE???

Day 1,178, 14:56 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon Jr.

Здраво на сите. Оваа статија вчера ја пишувава два пати но незнам зошто не ми се објавуваше се надевам дека сега ке ми успее.
Инаку сакав да напишам неколку збора за тоа како јас ја гледам ситуцијата со цените на пазарот и што се случува со еконимијата. Значи како што веќе сите знаеме адмите донесоа нови правила во играта кои овозможија горе долу секој играч во ерепублик да си отвори своја фирма. Според мене целта на овие нови правила е да се одземе златото од играчите се со цел да почната да се лизгаат кредитните картички низ играва што би значело RL профит и полнење на џебовите. Значи овие денови се отворија МНОГУ нови компании кои платија по 10 златника што ја потврдува мојата теза дека тоа и беше целта на овие нови промени. Сега само админите чекаат да почна да се купуваат златници со вистински пари.
Гледам дека деновиве има премногу статии напишано кои повикуваат на покачување на цените за да опстанат компаниите да имаат профит итн. Сите такви статии според мене се да се напише нешто за да се добие некоја претплата повеќе бидејќи нема ништо суштински во нив. Тие што ја намалуваат цената не ја намалуваат бидејќи сакаат туку затоа што во нивните компании се имаат наталошено многу производи или репроматеријали и сакаат да ги продадат бидејќи немаат пари во фирмата туку само залиха и ке дојдат до ситуација да немаат пари за исплаќање на плати на вработените и купување на репроматеријали. Но одржувањето на компаниите не зависи од цената на производите односно колку и да биде цената на производите многу фирми ке пропаднат односно нивните газди ке си работат сами без вработени и ке си заработуваат 2 плати, една од компанијата во која работат и една во споствената фирма кога ке си работат како менаџери. Компаниите ке пропаднат само затоа што има премногу производи кои се нудат на пазарот а има премалку купувачи. Читав денеска некои статии во кои се вели дека со војна би се решил овој проблем. Но проблемот неможе да се реши така туку само да се ублажи, а ке се реши кога ке проданат повеќето компании. Можеби ова ви звучи песимистички но реалноста е таа. Какви и мерки да се превземаат и од страна на владата тоа ќе биде вештачко и ќе биде краткорочно и неодржливо на подолг рок бидејќи во моментот нашиот пазар е буквално загушен.
Сега сакам да напишам уште нешто во врска со соодносто на платите и цените. Ирачите кои работат во фирмите не губат ништо во оваа ситуација единствено се намалува профитот на компаниите и нивните газди. Еве за што се работи. Пред да се случат новите промени во правилата на играта цената на лебот во услови на војна достигна некаде 1 ден. Да речеме дека при оваа цена на лебот Сте земале 20 мкд плата значи со таа плата сте можеле да купите 20 леба дневно. Со новонастанатата сотојба цената на лебот е 0.5 односно варира околу оваа цена. Е сега доколку е лебот по цена од 0.5 нормално дека платата ке биде намалена и да биде намалена за 100%, што мислам дека на никој играч му се нема случено толкаво намалување на платата, играчот може да си купи пак 20 леба дневно што значи дека играците немаат изгубено апсолутно ништо од нивната куповна моќ. Е сега бидејќи има многу компании кои нудат работни места а има се помал број на работници кои бараат работа платите кои ги даваат менаџерите се зголемуваат и достигнуваат до границата на максимална плата која може да ја даваат без да работат со загуба или со многу мал профит. Овие нови промени доведоа до ситуација сите играчи бидат рамноправини во економска смиласла односно да нема две класи на играчи првите кои имаат компании и ке се богатат брзо и побрзо ке напредуваат од играчите кои немаат компании и работат само за дневна плата.
Како што можа да приметам во последните два дена отприлика се стабилизира пазарот. Цените на лебот се движат од 0.45 до 0.52 на житото од 0.06 до 0.07. што значи дека засега овие цени ке се движат на пазарот се до некои нови промени во правилата на играта.
Значи поентат од целиод текст е следнава: Овие промени беа направени се со цел да се извади златото од играчите и да почне да се купува злато со картици. Промените доведоа и до тоа да се израмнат на некој начин економските сили помеѓу играчите да нема играчи кои имаат фирми и брзо напредуваа и играчи кои немаат компании работат за дневна плата и побавно напредуваат. Потресот на пазарот дефинитивно го има но економската моќ на играчите не е намалена туку може да се каже дека до некаде е зголемена бидејќи цената на лебот падна за отприлика 100% а платите се намалика за некој процент помалку. Ете тоа е моето видување на оваа новонастаната ситуација за која премногу се пишуваше овие денови и мислам дека не сум многу далеку од вистината.
Поздрав и секое добро.

П.С. Некој SUB не би ми дошло лошо а ако ви се допадна статиjata може и VOTE