Fantomsky - за конгресмен

Day 1,125, 07:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Fantomsky

Чест и задоволство ми е да ја објавам мојата кандидатура за конгресмен од страна на OeM партијата. Како конгресмен ќе се фокусирам пред се’ на економската инфраструктура во еДржавава (секако алудирам на дивеењето на пазарот на труд како и високите цени на леб и жито, како најзначајна гранка во играва покрај оружјето).

Во РЛ сум студент на Електро, 20 години, во слободно време се занимавам со трикови и илузии и немам попаметна работа од страстно гледање фудбал. 🙂

По размислување сум радикалист, но не и по делување. Нема да има избрзани предлози за закони, противдржавно делување или било што што би и’ наштетило на нашата заедница. Ќе се прават потребните жртви за да се просперира во играва.

FOR THE GREATER GOOD!

П.С. Бидејќи ова е сепак кратка презентација, се’ што не кажав а сакате да прашате, слободно. 🙂