Ekskluzivno intervju so Dedo Mraz

Day 1,088, 13:19 Published in North Macedonia North Macedonia by ARI UNIMATRIX 001



Поради големиот интерес на љубителите на имагинарни работи да се запознаат подобро со своите замислени пријатели, решивме да им излеземе во пресрет и да направиме едно интервју со најголемата имагинарна ѕвезда на планетава, Дедо Мраз.

РЛ: Дедо Мраз, ваша анализа како најшетан дедо на планетава, дали еБугарија ќе излезе од Феникс?

ДМ: Па не треба да сте шетани да предвидите дека еБугарија е желна да освои територија.Секако дека ќе ја нападне еМакедонија и тоа одма следниот ден после нападот на еГрција. Таа нивна лицемерна и дволична тактика е и стил на живот. Пример Втората еСветска војна каде што беа првин од едниот сојуз за подоцна да преминат во друг. Вакви примери има многу. Секако, еБугарија сака да излезе од сојузот, иако преговорите за стивнување на ситуацијата течат тешко.


РЛ: Не негиравте дека еГрција нема да ја нападне еМакедонија. Мислите ли дека тоа ќе се случи одма по престанокот на заштитата за ненапаѓање?

ДМ: Хохо. Нормално. еГрција ја води националната стратегија не по разум туку по емоции. Таа ја нападна еТурција, но не ја нападна еБугарија. Всушност еГрција се обидува да ги избрише доказите од мапата кои што не и одговараат на нејзината новокомпонирана националистичко-асимилаторска историја. Од тука се и очигледни и нивните непријатели и сојузници. Нивната агенда е кристално јасна. Да се уништи еМакедонија и да се притисне во ќош еТурција. Највероватно постои и некој притаен невербален договор помеѓу еГрција и еБугарија. Да, очекувам нападот да започне уште првата минута по истекот на заштитата.


РЛ: Како гледате на иднината на еМакедонија?

ДМ: Тоа е тешко да се предвиди. Сепак мислам дека ова буре барут, еБалкан, ќе направи големи тектонски политички поместувања. Како и да е ќе има големо воено профитерство.


РЛ: Да излеземе надвор од предвидувањата. Тие се црни, но Дедо Мраз е сепак човекот кој се движи по белините на снегот. Кои ќе бидат активностите на еДедо Мраз за нова година?

ДМ: Хохохо. Оваа нова година, нема да делам пакетчиња, затоа што делењето пакетчиња порано беше ритуал на забава, среќа и изненадувања. Денес секој моли за леб, куќа, гласа кај луге кои ги намамуваат со лажни ветувања. Вредностите се поместени. Ритуалот на Божиќ и Нова Година стана една рутина каде што очекувањата се поголеми од реалноста, за подоцна разочарувањата да станат уште поголеми. Се изгуби сјајот и радоста на Новогодишната ноќ. Додека не почнеме да си даваме подароци од љубов а не од навика, секој ден а не само за родендени, Божиќ и други слави, нема да бидеме среќни. Планетава има се, среќата е во дефицит, затоа што не работите да ја произведете туку се концентрирате на пари, власт и слава. Трите работи кои даваат некаква си имагинарна среќа. Мислите дека сте среќни а не сте. Посветете се на тоа, одвојте саат два да произведете среќа, да се сакате самите себе си, за да бидете сакани.


РЛ: А што ќе прави Дедо Мраз ако за Божиќ не дели пакетчиња?

ДМ: Хохо. Ќе игра еРепублик. Ќе оди на солариум и козметички салон. Ќе работи на својот имиџ.



РЛ: И Дедо Мраз игра еРепублик?

ДМ: Секако. Една од најдобрите игри на нет. И, тука сум да се борам со вас рамо до рамо. Хохо.



РЛ: Ви благодариме за интервјуто.

ДМ: Нема зошто. Се надевам дека ќе им одржите добра лекција на вашите соседи. Хохо. Среќа во битките и не заборавајте тука е Дедо за помош.