DH News #1 Егејската реалност

Day 1,778, 14:40 Published in North Macedonia North Macedonia by StiflerFromAerodrom

„Јас одев прв, а џелатот ме следеше со бајонетот в рака. Низ вратата од собата можев да видам убиени луѓе, и некои уште беа живи и стенкаа. Еден беше без глава. Собата беше полна, а телата лежеа по две или три едно врз друго… Влегов еден чекор во собата, а при другиот тој ме удри во вратот. Потоа го стави стапалото врз мене и ми зададе шест удари со бајонетот, по грбот, зад увото, под десната челу
ст и грлото. Кога милосрдните сестри потоа ми дадоа млеко, тоа течеше низ последната рана… Во големата соба убивале по тројца или четворица, но во оваа мала соба другите жртви мораа да гледаат додека беа зафатени со мене. Го гледав човекот од Дебар како се бори крај вратата. Тие му ги фатија рацете и го фрлија врз мене… Му го пресекоа вратот и завршија со бодења во грбот…“ Георги Белев од Сер, за масакрот извршен во серското училиште во 1913 година.

„Грците не ги прогонуваат само сите живи Македонци, кои еднаш ги именуваат „бугарогласни“, втор пат „словеногласни“, туку и сите мртви Македонци чии гробишта се наоѓаат во цела Македонија. Тие ниту во гробот не ги оставаат на мир, од крстовите ги бришат натписите на македонски јазик, ги вадат коските од гробовите и ги горат…“ Непознат англиски патеписец во 1928 година.

„Конзулите" (италијански б.м.) слегоа од коњите и тргнаа пеш. Пред очите им се појавија првите жртви: кметот на Загоричани и неговата ќерка. И на двајцата телата им беа обезличени. Понатаму лежеа другите убиени, до вечерта двајцата конзули со придружниците ги обиколија сите 62 убиени и 6-те ранети. Меѓу убиените беше и мојот стар татко, поради што конзулите ми искажаа длабоко сочувство. Најпотресителна беше глетката на 17-те убиени изложени во црковниот двор. Тука можеа да се видат трупови на кои очите им беа избодени, градите распорени, рацете и нозете исечени, мозоците распрснати…“ Наум Темчев од Загоричани, за масакрот во Загоричани во 1905 година.

Прочитајте ги овие сведоштва уште еднаш, следниот пат кога ќе се одлучите да „идете на шопинг у Солун .