73% БУГАРИ САКААТ ВОЈНА СО МАКЕДОНИЈА

Day 1,093, 07:47 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Три од четири Бугари сакаат војна со еМакедонија. Ова се резултатите од последната анкета која ја спроведе еден од бугарските медиуми.. Наспроти ова, само 23% од еБугарите инситираат нивната земја да остане во пријателски односи со еМакедонија. Предвидувањата на аналитичарите за актуелната политичка ситуација во еСветот полека но сигурно добиваат реален епилог. Доказ повеќе е и фактот дека секој трет Бугар сака земјата да излезе од Фенкис и да премине во Еден. Наспроти ова, речеси половина од анкетираните бугари, бараат земјата да остане неутрална.
Од друга страна, бугарскиот претседател, не ја застапува тезата дека земјата треба да излезе од Феникс, а со тоа да се отвори патот за напад врз македонските региони. Но, претседателот е фигура избрана од граѓаните и прашање на време е кога во претседателската фотеља на еБугарија ќе седне човек кој е дел од мнозинството кое бара напад врз Македонија.
За нас, ова не е ништо ново. Мислам дека ќе се согласиме дека секој еМакедонец уште од првиот ден беше свесен дека кога тогаш, војна со еБугарија мора да има. Не сум доволно запознаен со податоците колку еМакедонија е подготвена за воено соочување, но се надевам дека со помош на сојузниците, противник како еБугарија не би требало да биде проблем. Покрај ова, излезот на Бугарија од Феникс дефинитвно и недвосмислено ја става и еСрбија на листата бугарски противници и непријатели. Според коментарите кои можеа да се прочитаат на горелинкуваниот текст, за еСрбија, нашиот источен сосед само ја повторува историјата. „секогаш кога ќе згусти, Бугарија ја менува страната“, „Што ќе посеете, тоа ќе жнеете“, „Кога рамислуваш кого да нападнеш, удри по Бугарите, нема да згрешиш“ се само дел од коментарите кои можат да се прочитаат.

Време е за сериозни подготовки

Навистина е време за сериозни подготовки. Кога велам подготовки, покрај воените алудирам и на подготовки на надворешнополитички план. Мислам дека е време македонската дипломатија сериозно да се размрда и полека но сигурно да бара пријатели кои со оружје ќе застнаат на наша страна.
За нас, немам дилема дека ќе се одбраниме, мислам дека полека но сигурно добиваме на компактност и прашање на време е кога нашите вековни противници ќе сфатат дека еМакедонија не е територија на која можат да сметаат во своите окупаторски походи.
Од друга страна, излезот на еБугарија од Феникс дефакто ќе ни го отвори патот за влез во алијансата, од која, според моите анализи, ќе имаме позитивни импликации пред се врз надворешно политичките односи.

Времето работи за нас

Што и да се случи, ние само ќе си чекаме, времето работи за нас. Да напаѓаме, немаме причини, а и не вреди за парите. Затоа, трпение и што е можно помалку навредливи реплики на бугарските провокации. Нивната цел да не испровоцираат и да ни го блокираат влезот во Феникс, изгледа дека нема да помине, за што говори и фактот дека наместо ние, еБугарија ќе остане надвор од алијансата.