29.02.2012-12 натпревари

Day 1,563, 03:04 Published in North Macedonia North Macedonia by MarjanMac12
Натпревар број 1 Оклахома Сити-Филаделфија 76ерс
Во тесна завршница Оклахома издвои шеста победа по ред со резултат од 92-88. Russel Westbrook додаде 22 поени и 13 скокови но имаше дури 7 изгубени топки. Од другата страна како и секогаш Andre Iguodala со највеќе поени 18, и освоени 5 скока.

Натпревар број 2 Орландо Меџик-Вашингтон Визардс
Вашингтон не успеа да ја скрати серијата од 5 загубени натпревари по ред загубија со 102-95. Ryan Anderson доминираше под обрачите постигна 23 поени и 15 скокови. John Wall постигна највеќе на овој натпревар дури 33 поени и 4 асистенции.

Натпревар број 3 Милвоки Бакс-Бостон Селтикс
Бостон издбои победа од 96-102. Rajon Rondo успеа да постигне triple-double со 15 поени 11 скокови и 10 асистенции, за пофалба е и високото крило Kevin Garnett "KG" кој успеа да додаде 25 поени и 10 скокови. 25 поени и 10 скокови на Ersan Ilyasova не беа доволно за победа на Милвоки.

Натпревар број 4 Кливленд Кавалерс-Њу Јорк Никс
Никс издвои лесна победа од 103-120 Kyrie Irving постигна 22 поени и 7 асистенции. Од страната на Никс Jeremy Lin новата ѕвезда постигна double-double 19 поени и 13 асистенции. Тоа што во Њу Јорк го викаат "Linsanity" сеуште продолжува.

Натпревар број 5 Голден Стате Вориорс-Аталанта Хокс
Во тесна завршница Голден Стате побеси со само 3 разлика 85-83. David Lee постигна 22 поени и 12 скокови тоа беше доволно да биде MVP на натпреварот. Josh Smith од Аталанта постигна 14 поени и 10 скокови.

Натпревар број 6 Шарлот Бобкетс-Детроит Пистонс
Во текот на целиот натпревар Шарлот немаше водство што го донесе крајниот резултат 94-109 за Детроит. Greg Monroe успеа да земе повеќе скокови отколку поени 20 кокови и 19 поени.

Натпревар број 7 Далас Маверик-Мемфис Гризлис
Бранењето на титулата на Далас не им оди од рака. Загубија од Мемфис со 85-96. Marc Gasol постигна 22 поени и 11 скокови, а од другата страна Jason Terry постигна 18 поени и 5 скокови. Клучниот играч на Маверикс Dirk Nowitzki предвреме го заврши натпреварот поради повреда.

Натпревар број 8 Торонто Рапторс-Њу Орлеанс Хорнетс
Повторно DeMar DeRozan со 21 поен и 6 скока го одведе Торонто до победа со 95-84. Marco Bellineli со 20 постигнати поени и 7 скокови не успеа да ја скрати серијата од 3 порази на Њу Орлеанс.

Натпревар број 9 Чикаго Булс-Сан Антонио Спарс
Можеби најубавиот и најинтересниот натпревар на вечерта заврши во полза на Чикаго 96-89. MVP како и секогаш Derrick Rose со 29 поени. Играчот од клупата на Сан Антонио Gary Neal постигна 21 поен.

Натпревар Број 10 Портланд Траил Блазерс-Денвер Нагетс
Денвер издвои победа на Портланд со 95-104 најзаслужен за резултатот е плејмејкерот на Денвер Ty Lawson кој постигна 18 поени и 9 асистенции. Од Портланд LaMarcus Aldridge додаде 20 поени и 9 скокови.

Натпревар број 11 Хјустон Рокетс-Јута Џез
Јута издвои лесна победа од 83-104 на чело со Al Jefferson кој имаше 14 поени и 10 скокови и C.J.Miles кој постигна 27 поени. Аргентонецот Luis Scola беше најкорисен од Хјустон тој имаше 18 поени и 10 скокови.

Натпревар број 12 Минесота Тимберволвс-Лос Анџелес Лејкерс
Домаќините ги разнесоа Минесота со резултат 85-104. Скршеницата на носот на Kobe Bryant не го спречи да постине 31 поен и 8 асистенции. Rikcy Rubio, младиот шпанец имаше само 3 поени но постигна 9 асистенции.

Тоа беше се од вчерашниот репертоар денеска во вечерните часови ќе се одиграат 4 натпревари, помалце работа за мене 😃
Vote Shout и Subscribe и останете ми со 100 здравје.