28.02.2012-9 натпревари

Day 1,562, 03:52 Published in North Macedonia North Macedonia by MarjanMac12

Ал-стар викендот заврши и време е да се продолжи трката за шампионската титула во нба лигата. Оваа година Далас Маверикс ке ја бранат титулата.

Натпревар број 1 Бостон Селтикс-Кливленд Кавалерс
Бостон конечно дојде до победа по 5 изгубени натпревари.На чело со Ray Allen Бостон со 86-83 го совлада Кливленд. Од страната на Кливленд најкорисен играч беше Kyrie Irving кој со 24 поени и 100% учинок од 3 поени го заврши натпреварот.

Натпревар број 2 Индијана Пејсерс-Голден Стате Вориорс
Индијана ги разнесоа гостите со 102-78 Danny Granger допринесе најмногу за победата со постигнати 25 поени додека од другата страна Monta Ellis со постигнати 14 поени и 5 скока беше најкорисен играч. Индијана ја продолжува серијата од 5 натпревари без пораз.

Натпревар број 3 Филаделфија 76ерс-Детроит Пистонс
Филаделфија за да ја скрати серијата од 5 порази дојде до победа против Детроит со 97-68. Играчот од клупата Thaddeus Young со 20 поени и 8 скока беше најкорисен играч на натпреварот. Од страната на Детроит исто со 20 поени и 8 скока Greg Monroe беше најкорисен.

Натпревар број 4 Чикаго Булс-Њу Орлеанс Хорнетс
Double-Double учинокот на Cris Kaman со 17 поени и 11 скока не беа доволни за победа. Чикаго на чело со ѕвездата Derrick Rose кој постигна 32 поени и 9 асистенции дојде до победа со 95-99.

Натпревар број 5 Вашингтон Визардс-Милвоки Бакс
Во тесна завршница Ersan Ilyasova во последните 2 секунди од натпреварот му донесе победа на Милвоки со 118-119. Сепак на овој натпревар најдобро играше John Wall од Вашингтон кој оствари Double-Double со 19 поени и неверојатни 15 асистенции.

Натпревар број 6 Торонто Рапторс-Хјустон Рокетс
Хјустон на чело со Kyle Lowry кој што постигна 26 поени и 5 асистенции дојде до победа со 85-88. Од другата страна DeMar DeRozan постигна 17 поени и 2 скока во обид да го донесе тимот до победа.

Натпревар број 7 Њу Џерси Нетс-Далас Маверикс
Њу Џерси дојде до победа од 93-92.Dirk Nowitzki постигна double-double учинок од 24 поени и 10 скока. Од другата страна по враќање од повреда Brook Lopez беше MVP на натпреварот со 38 поени и 6 скока.

Натпревар број 8 Јута Џез-Сакраменто Кингс
Центарот на Сакраменто DeMarcus Cousins со double-double учинок од 22 поени и 18 скокови успеа да го доведе Сакраменто до победа од 96-103. Devin Harris од Јута постигна 18 поени и 7 асистенции.

Натпревар број 9 Минесота Тимберволвс-Лос Анџелес Клиперс
Минесота лесно дојде до победа во овој натпревар на чело со Derrick Williams кој постигна 27 поени и 5 скокови Минесота победи со резултат од 109-97.Blake Griffin постигна 30 поени и 7 скокови DeAndre Jordan постигна double-double учинок од 14 поени и 14 скокови но тоа не беше доволно за расположените играчи на Минесота.

Тоа беше се од вчерашниот репертоар денеска во вечерните часови ќе се одиграат 12 натпревари.
Vote Shout и Subscribe и останете ми со 100 здравје.