2 години Ерепублик

Day 1,793, 04:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Palavec

Еве стигна и мој ред да пишам статиичка за 2 години “стаж“ во играва. Немам што да кажам многу освен тоа дека бев сведок на среќни и тажни моменти. Моменти на гордост, но и срам. Моменти исполнети со патриотизам, но и моменти исполенти со меѓусебни препукувања. Се на се во глобала супер провод за овие 2 години!
Со играва појма неам од кај се заразив (мислам и дека сум ничив реферал), али не жалам за тој кобен 17.10.2010 година!
Моето патешествие почна во мешаната МУ “Маратонци“, продолжи во Silver Shields, па МТО (на 2 пати), мала преселба во Србија каде што служев во VeS Kobre, па пак МТО 😛 преку “Тигри“ за на крај да завршам во ДБК (Дај Бунар Конобар).
Од секаде сум си идел со супер впечатоци, и супер мислења за сите соборци (и сегашни и поранешни), мило ми е што запознав доста народ и што дружбите не се сведуваат само на тоа кој колку е јак или колку голд има на сметка.
За достигнувањата кон еМакедонија се тие, се трудам колку можам повеќе да постигнам нешто + и да оставам белег во историјата на државата, исто така се трудам истиот тој белег да не биде со негативни последици. Политиката у принцип не ме интересира, ама затоа бев 4 пати припадник на тимот на МНР и мислам дека со моите не толку скромни познавања и добрите тутори што ги имам и имав ме бие добар глас.

Ова ми е остварувањето за овие 2 години поминати пред компијутер-



И да не должам многу, за арно за убаво нека е и со срце за Македонија...

П.С Исто така да им честитам 2 години стаж и на мојоте поранешни соборци Бибермк и Крвникот!! Нека ви е среќен и вас роденденот!

П.П.С Не сум финансиски јак, така да оваа година нема да има поделба, извинете 🙁