10 РАБОТИ КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА "НИКОЛА ТЕСЛА"

Day 1,819, 13:58 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka

Тој стои зад стотици изуми и бил сопственик на еден од најспособните умови во историјата, но овие 10 работи за него се малку познати.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=2M1IAtmzM3g

Тесла изградил предавател од 42 метри во Колорадо Спрингс. Од овде тој можел да произведува громови.

Тесла го создал првиот далечински управувач кој го користел за играчка - бродче. Тој бил демонстриран во 1898 година и се сметал за бескорисен.

Во следните години, Тесла станал многу ексцентричен. Започнал да комуницира со гулаби, јадел само варена храна и бил опседнат со бројот 3.

Томас Едисон се обидел да му ги одземе заслугите на Тесла за неговото измислување на променлива струја. Едисон електрифицирал животни со ваквата струја.

Тесла ја измислил првата хидроелектрична централа. Прв пат било користено во 1896 за претворање на енергија од Нијагарините водопади во електрична енергија за Њујорк.

Во 1893 година на Колумбиската изложба, Тесла искористил 11 генератори за струја со моќ од 1000 коњски сили. Тие биле користени за да се уклучат 100 000 светла.

Тесла умрел во сиромаштија на возраст од 86 години. Два дена по неговата смрт, сѐ што поседувал било земено од владата на САД.

Тесла се надевал дека неговата кула ќе може да го обезбедува целиот свет со бесплатна електрична енергија. Таа никогаш не била завршена и била уништена во 1917 година.

До неговата смрт, Тесла имал повеќе од 250 патенти за изуми. Овде се вклучени приклучокот, радиото и намотката на Тесла.

Тесла ги објавил плановите за оружје за време на Втората Светска Војна. По тајни војни тестови од САД, скиците и истражувањата на Тесла исчезнале без трага.