1 година од создавањето на Macedonian Alpha Team

Day 1,548, 04:48 Published in North Macedonia North Macedonia by KingSlayer II

Здраво ереп играчи.
Чест и огромно задоволство ми преставува статијава што ја пишувам.
Пред точно една година на 15 фебруари 2011 беше создадена единицата Macedonian Alpha Team-АЛФИ



Се започна едно фебруарско утро кога ја прочитав статијата на carlixxx .
До тогаш бев цивил но решив да испратам барање за членство бидејќи тогаш единицата нудеше нешто што го нема во еМакедонија.
Бев примен во единицата и неколку дена имавме состаноци во врска со единицата како ќе функционираме и како ќе се викаме.Беше одлучено името АЛФИ а подоцна како англиски превод беше ставено Macedonian Alpha Team. Ова ни беше првиот аватар


Бевме тогаш организирани и во рок од една недела ги кренавме фирмите на q4 ретко кој тогаш имаше q5 🙂
Како врховен командант беше нормално carlixxx .
Низ теков на целата година што пројде многу промени се случија многу играчи си заминаа(повеќето банирани RIP ) дури и лидерот се смени 😃
Имавме доста добри моменти но имавме и лоши и проблеми како и секоја друга единица.
Станавме дури и интернационална единица која во своите редови имаше: Холанѓанец , Израелец, Индонезиец и Босанец 🙂

Имавме дури и претставници во владите на претседателите а и едно премиерско место 😛
Не жалам ни за непреспиените ноќи поминати на каналот #Alfi а ниту им замерувам на другарите што ми звонеа на мобилен во 4-5 сабајле да фатиме болница или востание 🙂
Како единица присуствуваме на повеќето собиранки организирани но и сами имавме две.Првата со помладите членови на единицата и втората на која имаше повеќе членови 🙂 Да не ги споменувам малите собири што ги правевме 🙂

Вреди да се напомене дека имавме доста организирани воени акции и имавме доста видеа снимени но би сакал да го истакнам ова видео т.е. заедничката акција на нашата единица со Турската Akincilar.

Голем поздрав до нив иако сме сега во различен сојуз сеуште се дружиме на каналите🙂 Еве и статија од тогаш

Неколку пати се менуваа и лидерите а со тоа и структурата на единицата.Освен carlixxx на лидерското место беа и NesumToj(ШИТКАЧ!!!) , ivansk и Vlade Rotten .

Да не заборавам да им се заблагодарам на сите сегашни и поранешни членови за времето што го поминале во нашата единица а исто така сакам да испратам и големо БЛАГОДАРАМ на stanojoski за се што има направено за нашата единица и неговите мноогубројни частовки на кои доаѓаа и играчи од други единици за да земат и тие нешто 😛

И така доаѓа крајот и на оваа статија и уште неможам да поверувам дека помина една година и останав во истата единица 🙂 Се надевам дека за точно една година ке направам уште една ваква статија 🙂
HAIL ALFI \o/


ivansk