1 gold vs. wellness/health/здравје

Day 1,104, 05:38 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD
Како македонската економија се развива најдобро може да се види од тоа колку health/wellness/здравје можеш да добиеш за една единица злато , бидејќи од тоа зависи животот на секој граѓанин на еРепублик .
Како млада еДржава беа донесени неколку добри закони кои ги потикнаа бизнисмените да вложуваат во фирми за жито и камен претежно сместени во регионот на Источна Македонија

По направената анализа на вредноста на денарот во однос на златото доаѓа дека за една единица злато 1 = 28.5 MKD додека една единица денар 1 MKD = 0.036 Gold .




Да ја анализираме сега вредноста на златото и колку wellness можеш да добиеш со размена на една единица злато:

Во периодот од 2 месеци вредноста варирала од најмногу 240 до најниската околу 138 .

Моментално во Македонија може да се врати 142.04 единици wellness со 1 една единица злато .



Со што еМакедонија е една од земјите каде може со 1 единица злато да се поврати најмногу од изгубеното wellness/health/здравје , а за споредба ќе се послужиме со податоци од нашите соседни еЗемји.

еГрција – макс. 350 – мин. 100 моментално 107.43


еБугарија – макс.300 – мин. 115 моментално 118.52



еСрбија – макс. 225 – мин. 115 моментално 115.75



Тоа е голема разлика која треба да не охрабри и натаму да инвестираме и да ги развиваме македонскиот еБизнис и економија !
Бидејќи колку повеќе wellness може да се поврати за една единица злато толку е поевтина храната спрема другите еДржави и дека во борбите кои ќе следат секој кој ќе земе учество со помалку потрошени средства ќе врати повеќе wellness а со тоа и се поголеми шансите за победа во една војна . Затоа би им препорачал на Претседателот и конгресмените да ја одржат оваа економска стабилност на денарот во однос на златото подолг период а на сите еМакедонци да ги наполнат резервите за храна и да го чекаат денот кога ќе бидат повикани на браникот на еМакедонија и горди да создадеме своја светска Империја !