1 куп Вицеви

Day 1,309, 15:39 Published in North Macedonia North Macedonia by dras2banned

За денес 1 куп вицеви

По сите кризи што ги претрпев (рак на кожата, вода во коленото и срцев удар среќа немам мозок инаку ке добиев и мозочен удар) решив да се опуштам со 1 куп вицеви еве ви и вас 1 помал куп вицеви

Разговараат двајца студенти:
- Абе, овој професоров е многу глуп.
- Зошто?
- Па научил 14 јазици, а се оженил со жена која не му дава до збор да дојде.

Едно дете му вика на таткому детето:
- Тато, тато, купи ми слон!!!
- Абре сине немаме со што да го храниме!
- еј, па како во зоолошка вика: НЕ ГИ ХРАНЕТЕ ЖИВОТНИТЕ.

Сопира полицаец пијан човек и му вика
-дај ми ја возачката дозвола
-што ке ти е мојата возачка?
-како што ке ми е возеше со 120 а 60 е дозволено, имаш 2 промили алокохол у крвта а 0,5 е дозволено и плус згази 3 деца
-а колку е дозволено

Претходната сабота ја начекав свекрвата пред врата, и ме замоли да остане неколку дена. Кажав дека може.
- И?
- И се уште е пред врата!

Двајца браќа отвориле продавница на 2 ката.
- На вратата пишувало имаме се и сешто.
-И некој мајтапчија влегол и побарал 3 кила ништо.
-Продавачот му рекол оди горе кај брат ми. -отишол горе и побарал 3 кила ништо.
-Продавачот изгасил светло и го прашал гледаш нешто?
-Тој рекол ништо.
-Продавачот му рекол ај зимај 3 кила и да те нема

Цветко дали баба ти го испроба новиот замрзнувач?
-Да
-И што вели?
-Незнам! Уште седи во него.

Зошто им измислил Господ на луѓето по две уши?
За од едното да влегува а од другото да излегува!!!

Што вика плавуша кога ќе и кажат: Добро газе!
- Па јебига!

Постојат само две основни вистини:
1. Жената е попаметна од мажот.
2. Земјата е рамна плоча.
(или пак не)

Професорката на факултет им рекла на студентите да напишат есеј.
- Во есејот треба да има мистерија, секс, религија и богатство.
Ете го Трпе по три минути.
- Готово, професорке!
- Е ајде да чуеме.
- Ох, господе, грофицата е тудна, кој ли го направи тоа?

Му вели жената на мажот;
"На еден питач му дадов цела чинија супа и сто денари."
"И тој ја изеде таа супа?"
"Да."
"Е, тогаш ги заслужил тие сто денари."

Си биле Мујо и Хасо и Мујо му раскажувал на Хасо како поминал на лов. И Мујо му рекол:
- Да видиш Хасо кога одеднаш ми излезе мечка, и почнав да бегам. Како трчев мечката се лизна, стана и пак се лизна.
- Аман бре Мујо јас да сум бил на твое место ќе сум се посерел од страв.
- А што мислиш од што се лизна мечката?

Си стоеле така двајца полицајци на улица и едниов му вика на другиов:
- Абе, да не бил Никола Тесла ти сеа ќе си гледал телевизија у темница.
(моја преработка)Си стоеле така двајца полицајци на улица и едниов му вика на другиов:
-Абе да не бил Никола Тесла сега место светилка ке користевме свеќа за да гледаме што пишуваме на фејсбук.

Како се вика Тенк на Турски ?
- БЕЉАБАГЕР

Зошто дождот паѓа?
- Затоа што нема скали да се симне.


Малиот Трпе седи пред зграда и плаче. Поминала некоја жена и го прашала:
- Мали добро ли си, зошто плачеш?
- Па, татко ми се удри со чекан по прстот.
- А зошто ти плачеш, кога татко ти се удрил?
- Па на почетокот се смеев.

Сега за сега толку но ако соберам 50+ гласови ви ветувам дека во наредната статија ке добиете повеке вицови. Затоа ако ви се допаднаа вицовите гласајте ја статијата за утре пак да ви пишувам