02.03.2012-11 натпревари

Day 1,565, 09:19 Published in North Macedonia North Macedonia by MarjanMac12
Натпревар број 1 Мемфис Гризлис-Торонто Рапторс
Rudy Gay го водеше Мемфис цо текот на целиот натпревар тој го заврши натпреварот со постигнати 23 поени и 12 скокови и со победа на Гризлис 102-99. Од другата страна Jerryd Bayless постигна 18 поени и 4 асистенции.

Натпребар број 2 Њу Џерси Нетс-Бостон Селтикс
Бостон дојде до победа од 94-107. Brook Lopez иако сеуште се опоравува од повреда тоа не му пречи да постигне 28 поени и 3 скока. Paul Pirce со неговите 27 поени и 8 асистенции го одведе Бостон до 4 победа по ред.

Натпревар број 3 Милвоки Бакс-Аталанта Хавск
Милвоки дојде до втор пораз неделава од 94-99. Josh Smith MVP на натпреварот со double-double од 24 поени и 19 скокови. Brandon Jennings постигна 34 поени и 8 асистенции за Милвоки.

Натпревар број 4 Чикаго Булс-Кливленд Кавалерс
Овој пат на местото на Derrick Rose застана Luol Deng со 24 поени и 6 скокови тој лесно го одведе Чикаго до победа од 112-91. Antawn Jamison со 22 поени и 4 скокови беше најкорисен од страната на Кливленд.

Натпревар број 5 Голден Стате Вориорс-Филаделфија 76ерс
Овој пат филаделгија имаше лесна задача Голден стате не успеа да им се испрели на патот. Филаделфија на чело со Lou Williams кој постигна 25 поени и 3 асистенции го поставија конечниот резултат од 83-105, а Голден Стате на чело со David Lee кој постигна 24 поени и 15 скокови.

Натпревар број 6 Далас Маверикс-Њу Орлеанс Хорнетс
Далас сеуште неможе да дојде до победа, Chris Caman со 20 поени и 13 скокови успеа да го постави конечниот резултата од 92-97. Rodrique Beaubois како и секогаш 25 поени и 3 асистенции за екипата на Далас.

Натпревар број 7 Денвер Нагетс-Хјустон Рокетс
Ty Lawson double-double од 22 поени и 15 асистенции за Денвер да дојде до конечниот резултат од 117-105. Кevin Martin највеќе играше под кошот постигна 35 поени и 4 асистенции.

Натпревар број 8 Шарлот Бобкетс-Сан Антони Спарс
Шарлот не испешен оваа сезона имаат само 4 победи и 29 порази, уште еден пораз додаде и Сан Антонио со резултатот 72-102. Richard Jefferson 14 поени и 7 скокови најкорисен играч на натпреварот.

Натпревар број 9 Мајмами Хит-Јута Џез
Јута ги оладија "жешките". Devin Harris целиот натпревар постигна 10 поени и 5 асистенции но во последните 3 секуди постигна 3 поени за да го постави конечниот резултат од 98-99. Од другата страна како и секогаш "King" James 35 поени и 10 асистенции.

Натпревар број 10 Лос Анџелес Клиперс-Феникс Санс
Победа во Феникс за Феникс Санс од 78-81. Феникс на чело со Jared Dudley кој постига 22 поени и 7 скокови. Kenyon Martin постигна 14 поени и 8 скокови за клупата на Клиперс.

Натпревар број 11 Сакраменто Кингс-Лос Анџелес Лејкерс
Kobe Bryant одличен како и секогаш за победа на Лејкерси од 107-115. Тој постигна 38 поени и 8 скокови. Сакраменто изигра преку Francisco Garcia кој постигна 18 поени и 3 скокови.

Тоа беше се од вчерашниот репертоар денеска во вечерните часови ќе се одиграат 7 натпревари.
Vote Shout и Subscribe и останете ми со 100 здравје.