Азилантот X

Day 1,379, 06:10 Published in North Macedonia Serbia by TheOldMan67

Еден мирен ден во конгресот...

После обилниот ручек во конгресниот ресторан на сметка на народот, се завалив во удобната фотеља во фоаето, нарачав да ми донесат кафе и почнав да го прелистувам весникот да прочитам што се случува во еСветот. Одеднаш ми приоаѓа секретарката и возбудено ми вели дека еден познат наш човек бара да му се одобри наше државјанство (обожавам кога е возбудена).

Одам во канцеларија и на работната маса помеѓу повеќето апликации за азил се наоѓа и едно плико на кое пишува High Priority. Го отворам пликото и гледам дека барањето за азил го поднел Al Capone или меѓу народот познат како човек со големи ј*ј*а - Mudash. Свикувам состанок на комисијата за одобрување на државјанства со цел да се разгледа доставената апликација и како што и претпоставував сите членови кога слушнаа за кого станува збор побрзаа да го стиснат копчето Accept (што да се прави - премногу гребатори има во оваа држава).

Јас им викам да почекаат малку, да се поразговара малку со човекот за да видиме кои се неговите мотиви да земе наше државјанство, зошто земал азил во еСрбија и како на сите останати редно е да му се постават одрдедени услови. Составив едно писмо со следната содржина во кое беа наведени сите потребни услови за добивање азил:

Почитувани,

Како член на комисијата за доделување на државјанства Ве известувам дека во рок од 7 дена треба да ги доставите следните документи кои се потребни за добивање на азил:

- уверение за завршен курс по македонски јазик (минимум IV степен)
- писмена потврда од интернационална банка дека на вашата сметка имате најмалку 100 GOLD
- потврда од МзЕ на еСрбија дека поседувате нивна лиценца за трговија
- чесен Титов пионерски збор дека ќе мавате исклучиво за еМакедонија и нашите сојузници
- возачка дозвола дека сте способни да управувате тенк
- лекарско уверение
- таксени марки во износ од 10 GOLD уплатени исклучиво на моја жиро сметка (па и јас да се офајдам од местово конгресмен 😃)

Со почит,

VelAco
член на Македонски конгрес

Меѓутоа, додека го губев драгоценото време за составување на писмото, на еден од гребаторите ептен го зачешало рачето и гледам Mudash - citizen approved by XXX. ј*б*г...

Наравоучение: Конгресмени - да не ве чеша рачето многу лесно и да не ви се лепливи прстињата дури и ако станува збор за сопствената мајка...