Војна VS Италија - II ден и лична порака [ Претседател ]

Day 1,212, 04:25 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija




Добар ден еМакедонијо,


Да го направиме денешниот осврт на војната со Италија.


Досега барем, се оди според планот. Ја освоивме и одбранивме Северна Црна Гора и го потиснавме востанието на Италијаните. Ги добиваме лесно битките, освен последнава рунда од нападот на Централна Црна Гора каде многу помогнаа Романци, Грци и Бугари. Очекувам после ова да се активираат и нашите сојузници.


Имаше неуспешен обид од Италија да не отсече од нив со востанието вчера. Благодарение на нашата агилност и дисциплина – успеавме беспрекорно да ги земеме сите рунди од востанието. Со тоа, патот кон Италија ни останува отворен. Честитам и благодарам на сите кои се префрлија навремено и ги следеа наредбите.


Ве повикувам да продолжите така и да не очекувате дека постојано ќе победуваме толку лесно. Војна е ова, а во војна и се добива и се губи. Немојте да очекувате да немаме никаков отпор од ЕДЕН на нашиот пат кон Италија.




Сега една лична порака од мене и околу мојот иден ангажман. Како што најавив и во самата кандидатура за вториов мандат, втората половина од месец Март е период кога ќе имам сериозни РЛ обврски. Би сакал и јас да е како досега и да сум на Ереп по цел ден, ама во животов има и обврски 🙂 Во последниве два и пол месеци бев онлајн минимум 12 часа секој ден, некогаш и по 20 часа, многу ноќи не спиев доволно трудејќи се еМакедонија да напредува и да расте. Во претстојнава втора половина од мојот мандат, нема да можам да сум онлајн нон стоп. Затоа, очекувам од Владата и Конгресот да си ја продолжат својата добра работа и да бидат за нијанса поактивни. Јас не се штедев досега затоа што можев да си дозволам – работев работи во надворешна политика, во внатрешна политика, одбрана, закони, даноци, државјанства, донации, монетарен пазар , со еден збор – се’ (освен туторијали). Во наредниов период нема да можам да го правам тоа, и секој министер и конгресмен ќе треба да си ја врши својата работа. Воедно најавувам дека нема да се кандидирам за трет мандат уште сега за да почнат да се поодготвуваат потенцијалните кандидати. Сепак, јас сум само еден човек, а силата на еМакедонија доаѓа од многу повеќе играчи кои се посветуваат на играва. Затоа и очекувам се да продолжи успешно како и досега.


Ќе оставам пристап до мојот профил на докажани луѓе ако има потреба од итна интервенција, а јас самиот не сум во можност. Досега одев и на состаноци со мојот лап топ 😛 но претстојните РЛ обврски едноставно не ми го дозволуваат тоа.


Сепак, знам дека еМакедонија може и без да сум 20 часа онлајн, и се разбира, ќе доаѓаат и други претседатели дај Боже многу многу поуспешни од мене.


Играва продолжува, а и војната истотака ! 🙂


Со почит,
Струмјанин