Упатство за мисиите!!! КОРИСНО!!! VOTE за да го видат повеќе е-граѓани !!!

Day 1,091, 12:29 Published in North Macedonia Serbia by IbY.xx

Гледам дека сте се растрчале да ги завршите мисиите. Многу е-граѓани на тоа потрошија многу златници, мислејќи дека за возврат ќе добијат поголема награда. Тие мисии, според мене не се за заработка, туку за да играте повеќе со тоа што редовно играјќи ќе ги извршите овие мисии без да трошите пари. Не гледајте да трошите пари за да ги завршите мисиите, тие сами ќе се завршат со тек на играњето 😉)

Паа .. да видиме што бараат мисиите т.е. следува упатството за решавање на мисиите:

Мисија: "Find El Dorado - Prepare for the jorney"

-Потребно е да имате 5 оружја (било какви)
-Потребно е да имате 8 карти за патување
-Потребно е да тренирате 5 дена по ред
Како награда за оваа мисија добивате 2 искуствени поени и 15 поени моќ.
Верувам дека повеќето од вас веќе ја имаат завршено оваа мисија, а исто така и браво за оние кои ги донираа своите оружја и карти на други за да не трошат и тие залудно пари.


Мисија: Find El Dorado - The Search)

-Потребно е да има 2 играчи кои се придружиле на играва по ваша покана со invation link
-Потребно е да се преселите во Јужна Америка
-Потребно е да имате една неискористена мапа со богатство
Како награда за оваа мисија добивате 2 искуствени поени и 15 поени моќ.


Мисија: Find El Dorado - Now or Newer

-Потребно е во рок од 24 часа да убиете 30 непријатели во битките
-Да убиете по 1 непријател во 3 различни битки
-Да имате 100 пари од валутата во државата во која се наоѓате
Како награда за извршувањето на оваа мисија добивате 100 поени здравје и една мапа со богатство.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ !!!
Доколку не отидете Get Reward на мисијата во истиот тој ден кога сте ги убиле 30-те непријатели, тогаш не можете подоцна да ги подигнете наградите !!! Значи подигнете ги наградите за оваа мисија уште истиот ден кога ќе ја извршите бидејќи друг ден нема да можете !!!



Ова мислам дека беше доста сега за сега.
Утре или во среда ќе ви објавам и за другите 3 мисии.

Поздрав !!!




Ваш,
IbY.xx