Расипаниот ум на Ерепубликанец [VOIX]

Day 1,876, 01:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Драги читатели

Одамна немам напишано статија и мислам дека е време да шкртнам и јас нешто...

Сега ќе ви презентирам како на ерепублик може да се расипе умот на играчот

Примерот кој што ќе го дадам не е за никој играч посебно, иако многу ќе се препознаат во истиот

Си седи еден ден дома на компијутер или пред телевизор и гледа вест во која Македонија има некоја онлине заедница во која сите Македонци се борат заедно против непријателот. Труен претходно од “патриотизмот“ на нашите драги политичари решава да ги уништи Грците барем во игра, поради сето тоа што ни го правеле во РЖ.

И така го прави својот акаунт или неговото второ јас... станува жител на еМакедонија и човек кој што ќе го даде неговиот еЖивот за Македонија да победи... во тие моменти тој млад играч е спремен да даде се што има на неговиот акаунт! Нему златото и парите не му значат ништо, тој само сака да стане колку може посилен за Македонија!

Прво се појачува економски, за да може да стане посилен за Македонија, си вика: “Доколку станам доволно силен, веќе нема да се борам да се појачам економски и тогаш ќе се појачувам само воено и ќе пукам само за Македонија“.

Во првата прилика истиот тој играч сака само да влезе во топ 5 борци во која било битка... не се бори тој за медал! Тогаш тој е дете какво би посакала секоја мајка/држава.

Како што поминува времето, златото и парите му го поматуваат умот... веќе неговиот ум полека се расипува...

Прво не сака да троши негови тенкови за пукање... чунки за секое пукање за државата истата таа држава треба да му прати тенкови... сепак истата таа држава имала потреба од него, па зошто тоа користење да не му биде наплатено. Секако во тие случаеви тој НИКАКО не ги пука своите чоколатца!

Истите тие чоколатца ги чува за некои битки во кои што нема многу пукање, или не се многу важни каде што би можел полесно да земе медал и тие фамозни 5 злато од истиот. Тогаш сфаќа дека златото на монетарен пазар ја губи вредноста... што значи дека доколку би зел МКД за истото пукање би му излегло повеќе злато доколку би ги сменил парите во злато.

Тогаш тоа дете на еМакедонија, дете какво што секоја мајка/држава би посакала... тогаш станува ПЛАТЕНИК. Роб на златото и парите. Неговиот ум целосно се расипува!

Се надевам дека никого не навредив во оваа статија... то ова е само една сурова вистина!

П.С - Примеров не е само за Македонците...
Поздрав!