Предлози за државната армија [VOIX]

Day 1,744, 07:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

Последно време е многу актуелно создавањето на државна армија и само прашање на време е кога таа ќе биде создадена. Сум разговарал со повеќе Македонски жители и повеќето биле ЗА создавањето на армијата, сепак сметам дека доколку некој од следните претседатели сака да ја создаде армијата, дека ќе биде потребно да се направи анкета кај народот... сепак сметам дека мнозинството на народот треба да ја даде последната одлука, а не само моменталната влада!

Доколку би се изгласало да се создаде државната армија ќе биде потребно да се променат многу работи од КОРЕН! За тоа највеќе ќе бидат важни конгресмените, вие конгресмените ќе бидете темелот на создавањето на оваа армија, затоа што ќе треба да се променат неколку работи на економски план...

Промена на даноците и платите!

Даноците ќе мора да се променат... поточно да се зголемат, НО сметам дека со една друга промена нема да има потреба да се зголемуваат премногу даноците. Има една работа која на многу малце луѓе им текнала. Да се направи минимална плата од 70 МКД! Со тоа што ќе се изгласа ваков закон многу работи ќе започнат да се променат од темел. Како прво со поголема плата кај луѓето повеќе пари ќе влегуваат во државна каса и исто така ќе луѓето ќе земаат и поголема чиста плата, сепак има можност со тоа да се кренат и цените на производите, што од една страна е лошо, но од друга е добро.
Лошо е затоа што ќе бидат поскапи за посиромашните граѓани, НО добрата страна е што ќе се собира уште повеќе пари во трезорот на државата. Целта на целата оваа промена во економијата е да се достигне дневен прилив на пари од 400 илјади МКД. Од кога ќе се создаде оваа бројка, тогаш веќе можеме да кажеме дека државната армија е пред создавање!

Предлог за единици под капа на државата!

Морам да кажам дека ова е идеја на манданата 🙂
Значи ова би изгледало вака: Државната армија ќе биде создадена од една МУ, во која ќе има членови од Д3 и Д4, останатите Д1 и Д2 би биле во Baby Squad.
Откако ќе се направи таа државна МУ (на која ќе се даде име отпосле) ќе се започне со регрутирање на единиците.

Доколку една единица сака целосно да влезе под државна капа, сите нејзини членови ќе влезат во државната единица, во која пак ќе има посебен аватар, СО ДОДАВАЊЕ НА ОЗНАКА ОД НИВНАТА ЕДИНИЦА. Откако ќе бидат сите сместени во единицата ќе влезат во посебна регимента во која ќе бидат членови на таа единица и ќе си имаат свој капетан! Сите нејзини членови ќе земаат рефунд од државата и ќе следат само нејзини наредби, НО ќе нема да има носталгија по таа единица, затоа што името на таа регимента ќе го носи името на нивната стара единица. Мислам дека со ова исто така многу повеќе единици ќе го направат истото и ќе влезат под државна капа, во која командант ќе биде моменталниот МОД, единицата ќе се предава секој месец на моменталниот МОД, поради фактот што доколку остане само кај еден поединец, би можело да се злоуотреби моќта и сите ние би имале проблеми.
Рефундот ќе биде само за членови на државната армија, за сите други ќе се укине целосно, поради фактот што ќе биде потребно пари за да се оддржи во живот државната армија!

Како да се дели рефунд на играчите!

Би имало внесување на УДАР, НО само поради тоа да се види колку штета испукала тој ден армијата, чисто за евиденција. Поважната работа би била да се направи формулар, во кој војниците ќе внесат СЛИКА од тоа колку испукале, каде и во колку часот, доколку штетата е испукана на право место, за тој удар војниците ќе добијат 7 ку7 тенка (доволно за целосно фф). Нема да може да се прави фотошоп поради тоа што ќе се види штетата и кај ботот удар и со тоа ќе се доведе до минимум шансата за измама. Исто така морам да напоменам дека за да се биде член на државната армија потребно ќе биде да се има МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО, во кое пак сум сигурен дека многу ќе го побараат откако ќе се оформи армијата и со тоа ќе се зголеми бројот на нашите играчи. Исто така морам да напоменам дека на секој удар играчите ќе бидат целосно опремени со оружје, но немора да значи дека секој ден ќе има по 3 удари, доколку има лесна битка ќе има само 1 удар, но доколку војуваме тешка битка или пак наш сојузник има многу важна битка, тогаш може да се има и 3 или 4 удари.

АНКЕТА!!

Би сакал да ја искористам приликава за да направам неофицијална анкета и да видам мислење на сите македонци во врска со армијата! Сепак народот на крај треба да одлучи и секако сакам да кажете и ваше мислење во врска со ова!

Армијата треба да биде дисциплинирана до крај и доколку се создаде нема да се толерира недисциплина!

Да живее Македонија!!!

Едит: Член ќе биде секој Македонец кој ќе сака да следи наредби и ќе сака да биде член на армијата! Има место за секого!!!